Мрежата за родов надзор на буџетот е регионална мрежа која се стреми кон натамошно унапредување на родовото буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија, за поефикасно, поделотворно, транспарентно и праведно користење на ресурсите од кои можат да имаат полза различни категории жени и мажи. Мрежата стреми кон своите цели преку проширување на знаењето и прифаќање на феминистичката економија, како и истражувања вклучувајќи родова анализа, размена на искуства, градење коалиции со други засегнати страни, јакнење на капацитетите за родово одговорно буџетирање, застапување и следење.
Оттука, ние го замислуваме светот како место каде ресурсите се делат на ефикасен, транспарентен, праведен и правичен начин, при што различни категории мажи, момчиња, жени и девојчиња имаат корист и соодветно се задоволени нивните потреби.
Постојат три начини преку кои ја прошируваме нашата МРОБ: (i) преку пријавување на проект од областа на РОБ, (ii) преку регистрирање организација која работи на родовата еднаквост и / или РОБ или (iii) преку независни стручњаци чии интерес и ангажман е во оваа област.
Пред да ја извршите регистрацијата, Ве замолуваме да го прочитате Стаутот и Кодексот на делување и работење на Мрежата за родово-одговорно буџетирање со цел да се запознаете со условите за зачленување и принципите на мрежата.
Упатство за регистрација
Регистрација на организација
Поставете го глувчето на главно мени, поточно кај Регионалната мрежа, па изберете ја земјата каде што се наоѓа организацијата – на пример Македонија. Потоа, ќе се појави под-мени со три опции (како на приказот). Изберете Регистрација на организација. Треба да ги пополните сите задолжителни полиња со кратки, но доволно описни информации за вашата организација. Откако ќе ја завршите регистрацијата, потврдете го вашиот внес со кликнување на линкот за потврда испратен на вашата е-пошта што ја употребивте за регистрацијата. После тоа, администраторот на МРОБ ќе го одобри вашиот внес и портфолиото на вашата организација ќе се прикаже на е-платформата.
Регистрација на проект
Поставете го глувчето на главно мени, поточно кај Регионалната мрежа, па потоа изберете ја земјата каде што тековно се спроведува проектот – на пример Република Молдавија. Потоа, ќе се појави под-мени со три опции (како на приказот). Изберете Регистрација на проект. Треба да ги пополните сите задолжителни полиња со кратки, но доволно описни информации вашиот проект за РОБ / родова еднаквост. Откако ќе ја завршите регистрацијата, потврдете го вашиот внес со кликнување на линкот за потврда испратен на вашата е-пошта што ја употребивте за регистрацијата. После тоа, администраторот на МРОБ ќе го одобри вашиот внес и информациите за проектот ќе бидат прикажани на е-платформата.
Регистрација на експерт/ка
Поставете го глувчето на главно мени, поточно кај Регионалната мрежа, па потоа изберете ја земјата каде што работите како експерт/ка. Во случај да работите во различни земји, изберете ја вашата матична земја, но наведете ја регионална експертиза во описот. Изберете Регистрација на експерт. Треба да ги пополните сите задолжителни полиња со кратки, но доволно описни информации за вашето искуство и знаење за РОБ / родова еднаквост. Откако ќе ја завршите регистрацијата, потврдете го вашиот внес со кликнување на линкот за потврда испратен на вашата е-пошта што ја употребивте за регистрацијата. После тоа, администраторот на МРОБ ќе го одобри вашиот внес и вашето експертско портфолио ќе се прикаже на е-платформата.
(!) ВАЖНО: ВО СЛУЧАЈ КОГА ЕДЕН ПРЕТПЛАТНИК / ЧКА САКА ДА РЕГИСТРИА ОРГАНИЗАЦИЈА И ПРОЕКТОТ ИЛИ ДА СЕ РЕГИСТРИРА КАКА ЕКСПЕРТ/КА И ВОЕДНО ДА РЕГИСТРИРА ПРОЕКТ, ТОГАШ МОРАТЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ СО ДВЕ РАЗЛИЧНИ Е-ПОШТИ ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ.
Subscribe to our newsletter to receive updates, news, and insights about our work in gender equality
Center for Research and Policy Making – Network for Gender Responsive Budgeting
With funding from