Интересна дебата при London School of Economics од страна на членовите и членките на Women's Budget Group
Интересна дебата при London School of Economics од страна на членовите и членките на Women's Budget Group каде се следеше преставувањето на Буџетот за 2020. Некои од главните поенти од дебатата беа „ ... ова не е буџет за жени или деца, бидејќи социјалната заштита, самохраните мајки и сиромаштијата кај децата не се опфатени. Намалувањето на даноците ќе има влијание кај богатите домаќинства, а финансирањето на локалната самоуправа е сè уште скромно, што ќе влијае на испорака на услуги и врз квалитетот на животот на жените и мажите. Општо земено, за повеќето буџетски интервенции недостасува родова анализа. Оваа влада се ориентира од штедење кон трошење, но како и обично, нема ништо за жените во бизнисот “.
Напредна обука за родово одговорно буџетирање во Нови Сад
Мрежата за родово одговорно буџетирање ја заврши напредната обука за РОБ во Нови Сад. На едно место се собра одлична група од 28 граѓански здруженија од 7 држави кои се подготвени и возбудени да го следат трошењето на буџетот од родова перспектива, како и оценување на политиките и предлозите во буџетот кои имаа за цел зајакнување на родовата еднаквост.
Обука за идните обучувачи обучувачки во Скопје
Во Скопје, во рамките на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“, поддржана од Австриската агенција за развој се одржа обука за идните обучувачи и обучувачки кои стекнатото знаење ќе го пренесат за време на идните обуки наменети за граѓанските здруженија, но и потоа со цел зајакнување на способностите и вештините на регионалните граѓански здруженија за следење на буџетското трошење во насока на зајакнување на родовата еднаквост.
Previous
Next

Активности и настани

Јавен повик за аплицирање за Градење Капацитети и Суб-грантирање за родово одговорно буџетирање и финансирање во услови на кризи

Број на повик: 2841/02/23 Проект – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И МОЛДАВИЈА (Мрежа за родово одговорно буџетирање” ФАЗА II) Финансиран од: Австриската агенција

Прочитај повеќе »

Вебинар- „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“

Успешно бевме домаќини на вебинарот со наслов „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“, на кој присуствуваа повеќе од 80 учесници од

Прочитај повеќе »

Постојани oбучувач(к)и

Напредната обука за родово одговорно буџетирање е од особена важност за „Радар“ како ново здружени кое допорва треба да се пробие. Стекнавме важни знаења, особено во поглед на начините за подготовка на родова анализа на јавните политики и буџети. Програмите на МРОБ топло ги препорачувам секому кој има намера да се занимава со ова исклучително важно прашање. 

Гордана Мицова Несторовска

Радар

1
Проекти
1
Обуки
1
Предавања
1
Вебинари