Граѓанските организации со клучна улога во зајакнувањето на родовата еднаквост преку буџетите – главен заклучок на меѓународната конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово-одговорното) буџетирање: учество, застапување и отчетност“

Меѓународната конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово-одговорното) буџетирање: учество, застапување и отчетност“, што впрочем преставуваше заеднички настан организиран од страна на Мрежата за родово-одговорно буџетирање, UN Women и Меѓународното буџетско партнерство се одржа од 26-ти до 29-ти јуни 2022 година. во Охрид, Македонија. Конференцијата имаше за цел (i) да ги промовира различните улоги на граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост преку користење родово-одговорни алатки за буџетирање; (ii) да се разменат искуства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации за ефективни стратегии и пристапи во користењето алатките за РОБ со цел влијание врз политиките и буџетите, вклучително и во периодот по ковид-19; и (iii) да се обезбеди платформа за вмрежување и градење стратешки партнерства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации.

Конференцијата имаше седум (7) панели и десет (10) работилници, каде присуствуваа повеќе од шеесет (60+) учесници од осумнаесет (18) земји од Европа, Америка, Азија и Африка.

Активистите од граѓанското општество, истражувачите и родовите застапници разговараа за улогата на ГОи во вклучувањето на родот во политиките и буџетите, особено во време кога справувањето со здравствени, економски и други кризи и градењето отпорност кон нив не успева да ги пресретне различните потреби на жените и мажите.

Учесниците изнесоа различните пристапи за зајакнување на учеството на граѓанските организации во процесите на креирање политики и буџетирање на локално и централно ниво, ги нагласија  и придобивките што тоа ги носи за услугите и политиките, а конференцијата беше искористена и како форум за презентирање на пристапите, предизвиците, успесите и научените лекции при лансирање на различни партиципативни модели за изразување на потребите на жените.

Конференцијата обезбеди и простор за граѓанските организации да разговараат за предизвиците и пристапите за успешно застапување за родово-одговорни буџети од аспект на застапници при што се нагласи дека имаат клучна улога како чувар(к)и во управувањето и распределбата на јавните финансии за различните потреби на жените и мажите. Нивната работа во време на пандемија е уште порелевантна, особено во развојот на итна реакција и отпорност. Затоа, на конференцијата се дебатираше и за методологиите за надзор на јавните пари и нивните резултати.

Граѓанските организации мора да бидат доверливи партнери на владите (локалните и централните) во спречувањето на негативните ефекти, а акцент на дискусиите беше ставен и на усогласувањето на работата на ГО во владините  реформските агенди во управувањето со јавните пари во регионот.

Имајќи предвид дека во земјите во развој 14% од буџетите не се извршуваат, прашањето за кредибилитетот на буџетот беше исто така покренато, паралелно со методите за проценка на влијанието на неизвршувањето на буџетот врз родовата еднаквост.

Работилниците и активностите за вмрежување беа најдинамичниот дел од конференцијата. Учесниците се согласија дека вмрежувањето е многу корисно, а градењето коалиции не е едноставно. Тоа е комбинација на многу слоеви, интереси и низа актери. Оваа различност носи предизвици, како што се користење различни методологии и рамки, како и различно разбирање за тоа што значи родово учество. Но, од друга страна, овие разлики овозможуваат размена на идеи и искуства низ различен контекст и перспективи што води кон зајакнување на сите вклучени страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе активности

Јавен повик за градење капацитети и суб-грантирање за Род и финансирање на климатски промени

Број на повик: 2841/06/24  Проект – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И МОЛДАВИЈА (Мрежа за родово одговорно буџетирање” ФАЗА II) Финансиран од: Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка Имплементатори:  Центар за истражување и креирање политики (С. Македонија), Центар за родова алијанса за развој (Албанија), Центар за промоција на граѓанското општество

Прочитај повеќе
МРОБ НА 68-та годишна средба на Комисијата за статусот на жените

CSW68 Паралелен настан: ,,Родово одговорно буџетирање: исполнување на заложбите за родова еднаквост во надворешното финансирање од страна на мултилатералните претставници” Мрежата за родово одговорно буџетирање учествуваше во дискусиите на последната сесија на средбата на Комисијата за статусот на жените. Родово одговорното буџетирање е важно за поефективно, ефикасно, транспарентно и одговорно финансирање кое придонесува за родова еднаквост, со тоа што се

Прочитај повеќе
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН: Дизајн на пет прирачници

Наслов на проектот: Зајакнување на транспарентноста и отчетноста за родова еднаквост преку зголемување на капацитетот на Мрежата за родово одговорно буџетирање, фаза II Активност: Дизајн на пет Прирачници како дополнителни материјали за читање во рамки на алатките за Родово Одговорно Буџетирање Опсег на работата: A) Ангажирање на индивидуалец или агенција која врши професионален дизајн за дизајнирање на пет Прирачници, и тоа: Guidebook

Прочитај повеќе