Семиња на промени: Родово одговорни политики ги променуваат животите на руралните жени

Петнаесети Октомври го означува Денот на рурална жена. Оваа година темата е Руралните Жени Одгледуваат Добра Храна за Сите, и се однесува на придонесот на жените во производтсвото на добра храна низ земјоделските активности. Инспиративна приказна од жена земјоделка од Власеница Босна и Херцеговина за бенефитите од напорите за застапување на МРОБ.  Оливера Станишиќ е земјоделка и долгогодишна членка на Женското Здружение од Подриње, а оваа година и претседателка на Здружението  како и членка на Мреѓата Подриње која е направена од Виве Жене од Тузла. Оливера ја псодели нејзината приказна со нас преку интервју и ја нагласи важноста на политиките кои се родово одговорни како таа која била застапувана преку грант од Мрежата за Родово Одговорно Буџетирање.  

Кога започнавте да се занимавате со земјодеслтво? 

ОЛИВЕРА СТАНИШИЌ: Го започнав мојот мал бизнис пред 15 години како понуда за туристички смештај бидејќи имав дополнителен простор за живеење. Земјодеслтвото следуваше потоа  застоа што уште еднаш Имав виѓок на овошје и зеленчук. Така почнав со производтсво и маркетинг на производите. За последните десет години посебен акцент ставам на ајварот кој е моја марка и имам и сокови, џемови, слатка и салати.  

Како ке ја опишете состојбата на жените земјоделки во вашата заедница? 

ОЛИВЕРА СТАНИШИЌ: состојбана не е никогаш добра но жените во мојата заедница се соочуваат со предизвиците. Тие ги користат сите можности и се вклучуваат во процесите кои се поврзани со нивниот статус. Сега како жени од Власеница имаме целосна подршка од локалната администрација која е резултат на напорите за застапување на организациите од овој регион преку членките на МРОБ. Преку моето здружение ние ги запознавме жените со нивните права, обврски и можности кои може да ги искористат. Исто така ја потенциравме важноста за регострација на земјодеслките фарми, и пред се важноста жените да бидат сопственици на овие фарми и агробизниси бидејки тие се де факто иако не се регстрирани како такви.  

Општина Власеница скоро усвои правилник за алокација на фоондови за земјоделство, дали ова придонесува за подобрување на статустот на жените земјоделки? 

ОЛИВЕРА СТАНИШИЌ: со усвојувањето на правилникот Општина Власеница ги потврди и официјализира напорите и начините за поддршка на жените кои се вклучени во земјоделство и претприемништво. Сите проекти и јавни повици на ниво на Општина и каде таа учествува даваат предност на жените како сопственички на земјоделски стопанства, за жени претприемачки до 35 години старост, мајки со повеќе од едно дете, и маргинализирани жени. Ова навистина придонесува кон родово одговорна средина но и покажува како застапувањето за подобри и поинклузивни политики има ефект.  

Колку важно е земјодеслтвото за развојот на заедницата и општеството? 

ОЛИВЕРА СТАНИШИЌ: Како жена која е вклучена во земјодеслтвото и земјодеслкото производство но и како жена која живее во рурална средина со најмногу можности во туризмот и земјодеслтвото мислам дека земјоделството е најважно на скалата за локалниот развој. Тоа прави да мислиме на природата и храната што е основа за секоја заедница. Пандемијата со КОВИД 19 не направи свесни за домашното производтсво и не донесе поблиску до земјоделието, природата и здравата храна но и поблиску до разбирањето дека отпорноста лежи и е во локалните заедници, домашното производтвсо и домашната потрошувачка.  

Успешното застапување за поинклузивни и родово одговорни политики во Општина Власеница беше спроведена како дел од „Зголемување на одговорноста на Локалните власти за родова еднаквост на руралните жени“ прокет поддржан од подгрантирањето во рамките на Мрежата за родово одговорно буџетирање во Босна и Херцеговина имплементирано од УЖ Маја од Братунац. Поддржано оф Австриската Развојна Агенција и Сида- Шведската Меѓународна Агенција за Развој и Соработка.  

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in