ЦИКП во рамките на проектот „Strengthening transparency and accountability for gender equality in Western Balkans and Moldova (Gender Budget Watchdog Network, Phase II)” имплементиран од страна на ЦИКП, организира тродневна работилница за Стандарди за Квалитет. Притоа, Ве поканува да учествувате во постапка за обезбедување на услуги за подршка при организирање на Конференција. Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
- Упатства за понудувачи и барања
Б. Aнекси:
- Анекс I Опис на услуги
- Анекс II Образец за понуда (Tехничка и Финансиска понуда )
А. УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИ и БАРАЊА
- Нарачател на услуги
Нарачател на услугите е Центар за истражување и креирање политики, Скопје, проект: „Strengthening transparency and accountability for gender equality in Western Balkans and Moldova (Gender Budget Watchdog Network, Phase II)”
Адреса: Цицо Поповиќ бр. 6-2/9, 1000 Скопје,
web: www.crpm.org.mk email: crpm@crpm.org.mk
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на работните задачи.
- Предмет на договорoт за набавка
Предмет на договорот за набавка е обезбедување на услуги за организирање Конференција. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа документација.
- Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и нарачателот се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Понудата се изготвува во согласност со предвидените услови, во електронска форма, со користење на обрасци дадени во прилог.
Елементи на понудата:
– Анекс II – Образец на понуда (Техничка и Финансиска понуда)
– ДРД образец од понудувачот или Тековна состојба
- Начин на поднесување на понуда
Понудата може да се поднесе најдоцна до 13.10.2025 година до 17:00 часот на следната електронска адреса: tanevska@crpm.org.mk и petriskova@crpm.org.mk;
сите детали за повикот тука: Повик за Конференција ЦИКП_GBWN


