Трета студиска посета на Mрежата за родово одговорно буџетирање- овој пат во Ирска и по покана на Националниот женски совет на Ирска

Во периодот од 5-ти до 7-ми април, оваа година, претставници на Мрежата за родово одговорно буџетирање беа во студиска посета на Даблин, Ирска со цел да се стекнат со нови знаења и најдобри практики за родово одговорно буџетирање од оваа земја и да ги применат по враќањето во рамките на нашите тековни и идни проектни активности. За време на тридневната студиска посета посетивме неколку институции и организации кои тесно соработуваат на зајакнување на РОБ во Ирска – Министерството за јавни трошоци и реформи, Министерството за деца, еднаквост, попреченост, интеграција и млади, средба со пратеничката Неаса Хуриган во ирското собрание и претседавачка на Комитетот за надзор на буџетот, Управата за високо образование, Колективот на женски мрежи, Ирската комисија за човекови права и еднаквост, како и Рунанстаун – дом на женската заедница од предградието на Даблин. 

Инаку, службено бевме гости на Националниот женски совет на Ирска (НЖСИ), каде што се запознавме со три важни практики на РОБ во оваа земја со цел постигнување родова еднаков буџет, често инициран и предводен од самиот совет, како што е придонес кон принципите на буџетирање за благосостојба и еднаквост, блиска соработка со своето членство со цел изработка на предбуџетски изјави, како и интензивно вклучување во таканаречените граѓански собранија за да се слушне гласот од теренот. 

Со цел да се отвори патот за идна соработка и заедничко партнерство, Џенифер МекКарти Флин која ги претставуваше НЖСИ и МРОБ претставена од Марија Ристеска (пред-потпишана) потпишаа Меморандум за разбирање што ќе послужи како платформа за споделување нови знаења и идеи за подобрување на РОБ, како во Ирска, така и во земјите од Западен Балкан и Република Молдавија. 

Студиската посета беше завршена со присуство на тркалезната маса – Улогата на жената во заедницата во  Даблин на која авторот Питер Шеридан и професорката од Тринити колеџот Кармел О`Саливан говореа за историскиот и денешниот придонес на жените кои го имале и ќе го имаат во главниот град на Ирска. 

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе активности

Јавен повик за градење капацитети и суб-грантирање за Род и финансирање на климатски промени

Број на повик: 2841/06/24  Проект – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И МОЛДАВИЈА (Мрежа за родово одговорно буџетирање” ФАЗА II) Финансиран од: Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка Имплементатори:  Центар за истражување и креирање политики (С. Македонија), Центар за родова алијанса за развој (Албанија), Центар за промоција на граѓанското општество

Прочитај повеќе
МРОБ НА 68-та годишна средба на Комисијата за статусот на жените

CSW68 Паралелен настан: ,,Родово одговорно буџетирање: исполнување на заложбите за родова еднаквост во надворешното финансирање од страна на мултилатералните претставници” Мрежата за родово одговорно буџетирање учествуваше во дискусиите на последната сесија на средбата на Комисијата за статусот на жените. Родово одговорното буџетирање е важно за поефективно, ефикасно, транспарентно и одговорно финансирање кое придонесува за родова еднаквост, со тоа што се

Прочитај повеќе
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН: Дизајн на пет прирачници

Наслов на проектот: Зајакнување на транспарентноста и отчетноста за родова еднаквост преку зголемување на капацитетот на Мрежата за родово одговорно буџетирање, фаза II Активност: Дизајн на пет Прирачници како дополнителни материјали за читање во рамки на алатките за Родово Одговорно Буџетирање Опсег на работата: A) Ангажирање на индивидуалец или агенција која врши професионален дизајн за дизајнирање на пет Прирачници, и тоа: Guidebook

Прочитај повеќе