Активности: Обезбедување на еднаквоста: родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации – следен вебинар во рамки на МРОБ

Мрежата за родово-одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија (МРОБ) има чест и задоволство да ве покани на третиот вебинар под наслов“Обезбедување на еднаквоста родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации, кој ќе се одржи онлајн, преку алатката ZOOM, на 26/01/2022 (среда) со почеток од 15 ч.

За време на вебинарот ќе се сосредоточиме на методолгоијата и рамката на PEFA за проценка на родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации кон зголемување на примената на оваа методологија во Западен Балкан и Република Молдавија.

 

Вебинарот е предвидено да трае два часа, согласно следниот дневен ред:

   Време     Организација / својство:         Тема
15:00-15:10 Претставник на МРОБ /  ЦИКП Воведно обраќање
15:10-15:25 Претставник на Секретаријатот за јавни расходи и финансиска отчетност (ПЕФА) Презентација на ПЕФА рамката за проценка на родово-одговорно управување со јавните финансии и деветте показатели
15:25-15:40 Претставник на Светска банка Примена на ПЕФА рамка – научени лекции и улогата  на граѓанството општество
15:40-15:55 Претставник на НИРАС од Данска Влезни точки за користење на ПЕФА рамката како платформа за реформирање и поттикнување на системите за управување со јавните финансии во Западен Балкан и Молдавија
15:55-16:10 Претставник на Европското женско лоби Женските организации како чуварки на фискалните совети користејќи ја рамката GRPFM– кои прилагодување се потребни за нејзина примена во следењто од страна на граѓанските организации?
16:10-17:00 Дискусија; завршни зборови

За да присуствувате на вебинарот потребна е претходна пријава на следниот линк – https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZcrcOioqD4rHNWRTQiL7Q1QFtdulRFuayVT, по што ќе добиете повратна е-пошта со линк кој води до вебинарот.

За било какви прашања или дообјаснувања, ви стоиме на располагање на simonovski@crpm.org.mk

Со почит,

Тимот на Мрежата за родово-одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе активности