Развојот на јавните политики и постапката на буџетирање во ЈИЕ и Р. Молдавија се нетранспарентни и резултираат со политики кои не одговараат подеднакво на потребите на жените и мажите. Покрај ова, се забележува и нерамномерна распределба на јавните ресурси помеѓу двата пола. Граѓанските организации имаат ограничени капацитети за да придонесат кон сеопфатна родова проценка на буџетот, како документ за политика. Притоа, мошне ретко се фокусира на прибирањето на приходите и распределбата на расходите од гледна точка на правичност и целисходност. Програмата на Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) има за цел да ја зајакне улогата на граѓанските организации како чинители кои даваат придонес кон зголемувањето на одговорноста и транспарентноста и подобрување на управувањето со јавните пари, преку следење и проценка на влијанието на родовите политики и буџетите врз родовата еднаквост. МРОБ пред себе има поставена една општа и три посебни цели:
Општа цел: Да се зајакне учеството на граѓанските организации во политиките и процесите на буџетирање во ЈИЕ и Република Молдавија преку следење на постапките за развивање и усвојување на буџетите, известување и вмрежување.
Специфични цели:
СЦ1: Да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за користење алатки за родово-одговорно буџетирање (РОБ) за проценка на политиките и буџетите согласно потребите на мажите и жените
СЦ2: Да се развие мрежа за ефективно застапување, размена на знаења и информации и јакнење на одговорноста на владите
СЦ3: Да се ангажираат граѓаните и да се придонесе за промена на политиката што води кон родова реформа на јавните финансии
Директна таргет група се граѓанските организации, членовите на Мрежа за набљудување на родовиот буџет. Активностите се фокусираат на (i) зголемување на капацитетите, знаењето и вештините за политиките на климатски промени на организации за правата на жените, и да се подобри нивното разбирање на процесите, влезните точки, празнините и потенцијалите и (ii) еколошки организации кои треба да ги зголемат своите знаења и вештини за родово вклучување на политиките за климатски промени и финансирање;(iii) машки организации – овие типови на организации се многу ретки во регионот, затоа се поканети да станат корисници на проектот и да се користат за мобилизирање на други мажи во активизам за подобрување на родовата еднаквост; (iv) ГО кои работат на имплементација на Конвенцијата на ОН 1325 – мрежи на организации кои работат на прашања за жени, мир и безбедност.
MРОБ е разновидна и се состои од граѓански организации, think tank организации и групи за застапување за правата на попреченост. Оваа разновидност носи продуктивна мешавина на знаење, искуство и резултира со иницијативи кои ја вградуваат интерсекционалноста. Партнерите беа одбрани врз основа на нивното претходно искуство релевантно за проектот.
Проектот придонесува за исполнување на обврските кон регионалната агенда. Релевантната политика за регионален развој е Стратегијата на Југоисточна Европа-ЈИЕ 2030, која ја опишува определбата на 13 влади во Југоисточна Европа за сеопфатни и кохерентни политики, кои имаат за цел да постигнат регионално одржлив економски раст со цел да се намалат сиромаштијата и нееднаквостите, да се подобрат социјалното вклучување, зајакнување на жените и забрзување на зелената и дигиталната транзиција. Конкретно, проектот придонесува за постигнување на заложбата за подобрување на меѓусекторското управување и поддршка за вклучување на транзицијата на зелена и ниска јаглерод диоксид, преку управување со јавните финансии како што е наведено со Декларацијата од Софија за Зелената агенда за Балканот. Граѓанските организации поддржани со проектот ќе се залагаат за феминистичка агенда на Балканот нов зелен договор преку интегрирање на 10-те клучни принципи. За таа цел, проектот е во синхронизација со сеопфатниот економски и инвестициски план за Западен Балкан, на Европската унија, кој има за цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, да поддржи зелена и дигитална транзиција, да ја поттикне регионалната интеграција и конвергенција со Европската Унија.
Накратко, преку сеопфатна анализа, застапување, трансфер на знаења до други граѓански организации и вмрежување, GBWN се стреми да ги пополни празнините и да генерира трајни промени за порамномерно и поекономично трошење на јавните пари, со крајна цел родово еднакви општества во сите земји од ЈИЕ.
Subscribe to our newsletter to receive updates, news, and insights about our work in gender equality
Center for Research and Policy Making – Network for Gender Responsive Budgeting
With funding from