Search

Во новогодишно-божиќното издание на гласилото на Мрежата за родово одговорно буџетирање за Западен Балкан и Република Молдавија  ви ги пренесуваме успесите и достигнувањата што ги направија досегашните 36 подгрантисти во последните девет месеци.

Она на што сме особено горди е нивниот конструктивен пристап, односно не само да го следат буџетот и ги повикуваат владите на проактивност, туку и работат во партнерство со властите на иницијативи за кои се прави проценка на трошоците и влијанието, со што се дава значаен придонес во развојот на буџетите во проектните земји за 2022 во поглед на унапредувањето на родовата еднаквост.

Погледнете го најновото издание на гласилото овде.

П.С. Мрежата за родово одговорно буџетирање за Западен Балкан и Република Молдавија  ви посакува Честит Божиќ и Среќна нова година