Тркалезна маса: „Човековите права и заштитата на околината како споделена одговорност: Дијалог за одржливост“

Целта на оваа јавна дебата е да се зголеми свесноста, да се информира и да се промовира разбирањето на заштитата на човековите права и заштитата на животната средина во глобалните вредносни синџири, како и да се дискутираат релевантната меѓународна легислатива и практики. Оваа иницијатива е дел од проектот „Иницијатива за Глобална Солидарност (ИГС)“ кој е имплемнтиран од ГИЗ во Србија како дел од пошироките напори да се обезбеди ефективно и напредно учество на институциите, синдикатите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и другите чинители.

Тркалезната маса се одржа на 16ти Јануари 2025 од 13:00 до 15:00 часот во Ваљево, на улица Кнез Михајлова 1 и преку платформата Зум.

Тркалезната маса ги соедини преставниците на бизнис заедницата, локалната власт, синдикатите, академската заедница, и Граѓанските организации заеднички да ги истражат можностите за подобрување на заштитата на работничките права, човековите права, и животната средина, аплицирајќи ги принципите на одговорно однесување од бизнис секторот и соработка помеѓу чинителите.

Дискусиите ги опфатија обврските и потребите на компаниите за заштита на еколошките и работничките стандарди, улогата на синдикатите и граѓанските организации во решавањето на проблемите и важноста на локалната заедница како партнер во градењето одржливи заедници и зачувувањето на животната средина. Гордана Савиќ од Центарот за човекови права и демократија во Ужице, добитник на грант под „Зајакнување на транспарентноста и отчетноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“ (Мрежа за родово одговорно буџетирање, фаза II), беше еден од панелистите на оваа важна тркалезна маса. Исто така, Драгана Сречков, претставник на Gender Knowledge Hub, организација која е дел од конзорциумот за проектот „Зајакнување на транспарентноста и отчетноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“ (Мрежа за родово одговорно буџетирање, фаза II), присуствуваше на тркалезната маса преку платформата зум.

Тркалезната маса поттикна отворен и конструктивен дијалог меѓу релевантните актери, со цел да се разменат мислења и искуства и да се зголеми свеста и знаењето за оваа клучна тема. Солидно разбирање, соработка и партнерство меѓу засегнатите страни се од суштинско значење за подобрување на длабинската анализа поврзана со човековите права, заштитата на животната средина и одговорните деловни практики во Србија. Проектот Иницијатива за глобална солидарност (IGS) е финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а го спроведува

германската организација за меѓународна соработка Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

Воведната сесија имаше клучни забелешки на Санела Бахтијаревиќ (ГИЗ), Наташа Вучковиќ (Фондација Центар за демократија), Јован Протиќ (Меѓународна организација на трудот), Тања Линдел (Српска стопанска комора), Милош Миљковиќ (УГС Независност) и Мирослав Пимиќ (Градска Администрација од Ваљево). Модератор на седницата беше новинарката Сузана Трниниќ.

Панел дискусијата се фокусираше на перспективите и потенцијалот за соработка меѓу бизнисите, локалните самоуправи, граѓанските организации, синдикатите и академската заедница во заштитата на животната средина и зачувувањето на човековите права.

Панелисти беа:

· Мирослав Пимиќ, градска управа на Ваљево

· Владимир Радосављевиќ, Организација на граѓанско општество иРеволуција

· Гордана Савиќ, Центар за човекови права и демократија во Ужице (добитник на грант во рамките на проектот GBWN 2)

· Јелена Ќириќ, Самостоен синдикат на градската управа на Ваљево

· Огњен Адамовиќ и Рада Томиќ, Бизерба

· Сања Стојилковиќ, Урбан-Техникс ДОО (ТБЦ)

Панелот ги истражуваше обврските на компаниите во одржувањето на еколошките и работничките стандарди, улогата на граѓанското општество и синдикатите во решавањето на предизвиците и важноста на локалните заедници како партнери во градењето одржливи практики. Следеше жива сесија за дискусија, овозможувајќи им на учесниците да разменат идеи и увиди за улогите на различните актери во заедничките справување со овие предизвици.

Настанот заврши со завршните зборови на Санела Бахтијаревиќ (ГИЗ) и Наташа Вучковиќ (Фондација Центар за демократија), нагласувајќи ја потребата од тековен дијалог и партнерство за унапредување на одржливоста и човековите права.

Оваа тркалезна маса претставува значаен чекор во поттикнување на соработката и свеста за критичните глобални прашања, промовирање на колективната одговорност и унапредување на целите за одржлив развој во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in