Search

Нема подобро чувство од тоа да се увиди како напорите вложени во изминатите десет месеци влијаат на политиките и буџетите во Западен Балкан и Република Молдавија, како на државно, така и на општинско ниво. Деветтиот билтен ви ги носи сите успеси од застапувањето на членовите на Мрежата за родов надзор на буџетот.

Бесплатни производи за менструација, достапни тоалети на јавните површини, зголемени средства за социјални услуги за лицата со дополнителни потреби, зголемена поддршка за женското земјоделство, поопипливи можности за вработување на жените се само дел од достигнувања што ги постигнавме.

Нурнете во најновото гласило овде и уверете се дека се можни промени ако користите алатки за РОБ.