Search

Вчера, Мрежата за родов надзор на буџетот, го организираше вториот вебинар насловен „Во потрага по феминистичко опоравување од ковид-19 кризата“ на кој присуствуваа повеќе од 80 учесници.

Службениот дел на вебинарот го отвори Олга Мартинез Гонсалес, која е задолжена во директоратот за проширување за прашањата поврзани со родовите при Европската комисија. Таа го објасни ЕУ ГАП III и делот посветен на родово-одговорното буџетирање. Таа истакна и дека документот е го чинат пет столбови – посветеност за родова еднаквост, стратешка посветеност на ЕУ, шесте клучни области на посветеност, ЕУ како водечки пример и столб за отчетност.

По неа следеше Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики и проектна директорка на Мрежата за родов надзор на буџетот. Ристеска ги презентираше клучните наоди од следењето на фискалното влијание на ковид-19 врз жените во Западен Балкан и Република Молдавија. Таа рече дека се забележуваат сериозни предизвици и пропусти во задоволувањето на потребите на различните жени и мажи, скоро во сите области – навременоста при справувањето, родово-одговорно буџетирање (фискални мерки за одговор на ковид -19), транспарентност на процесот при справување, отчетност и влијанието на фискалните  мерките врз жените и родовата еднаквост. Таа, исто така, се фокусираше и на препораките за подобрување на постојната состојба, како што се поголема поддршка за жени претприемачки, потреба од дигитални платформи и вмрежување со цел подобар пристап до финансиите, родови критериуми за буџетска поддршка и пакети за опоравување од страна на ЕУ како услов за нивно одобрување и сл.

Како следна говорничка  ја имавме ЛаураТуркет -советничка за женска политика при ОН и заменичка на тимот за истражување и податоци. Таа го елаборираше „Феминистичкиот план за одржливост и социјална правда“ при што истакна дека повеќе од 54 мил. жените ги загубија своите работни места во последните две години, а дејноста нега и натаму останува сериозно неплатена дејност. Жените остануваат недоволно застапени во кризните штабови за справување со пандемијата ширум светот, така што е повеќе од потребен нов социјален договор, заснован на феминизам, социјална правда и екологија.

Како последен говорничка зборуваше Елизабет Клацер од Femme Fiscal, Австрија. Таа се осврна на кампањата за застапување на Femme Fiscale – Mehr fur care, односно на трите главни пакети за инвестиции што ќе придонесат за извесна  рамнотежа во дејноста нега – идно образование, пакет за нега и пакет за спасување / солидарност. Клацер рече дека повеќе пари се се потребни за нови вработувања,, подобри работни услови, минимален приход за оние што се на работ на преживување, грижа за децата и спречување на семејното насилство. Клацер нагласи и дека пандемијата предизвикува сериозно назадување во секторот нега и ги критикуваше плановите за закрепнување на ЕУ дека се родово слепи.

Се остави простор и време за дискусија која се фокусираше на потребата од вклучување на ГО и женските организации во јавниот дијалог, потребата од преместување на фокусот од следење на подобрување на мерките и инвестирањето во дејноста нега. Во таа насока, македонската пратеничка Снежана Калеска Ванчева истакна дека сите овие аспекти мора да се пресликаат и во претстојниот Закон за родова еднаквост, кој е во фаза на изработка, вклучително и компонентата за родово-одговорно буџетирање.