Вебинар- „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“

Успешно бевме домаќини на вебинарот со наслов „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“, на кој присуствуваа повеќе од 80 учесници од регионот.

Нашите стручни панелисти – Јелена Пераниќ Атенеле (DG JUST D3), Марија Ристеска (Центар за истражување и креирање политики), Славица Штриковиќ (Женска акција), Алина Андроначе (Партнерски центар за развој), Амина Диздар (Сараевски отворен центар), Дита Добрања (Економски експерт) и Јано Пушкар (татко кој користеше татковско отсуство во Војводина, Србија) ги споделија своите сознанија и искуства, а имавме и големо учество на публиката.

Јасно е дека постои зголемена свест за ЕУ Директивата за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите, трошоците и придобивките – вклучувајќи ги и промените на родовите норми кои можат да произлезат од усогласувањето на националното законодавство со ЕУ директивата. Има огромна потреба од политики за родителско отсуство кои ги поддржуваат и мајките и татковците.

Препраки кои произлегоа од вебинарот:

-Граѓанските организации (ГО) треба да ја зголемат својата улога во следењето на имплементацијата на овие регулативи и застапувањето за промени кои би биле од корист за семејствата. Ова вклучува подигање на свеста кај татковците за нивните права за татковско отсуство и охрабрување да ги искористат. Граѓанските организации, исто така, треба да работат за да обезбедат дека регулативите се ефективно имплементирани и дека семејствата имаат пристап до поддршката што им е потребна.

-Владите во регионот треба да продолжат да го усогласуваат своето законодавство со директивата на ЕУ од 2018 година и да обезбедат повеќе бенефиции за родителите и старателите. Ова би помогнало да се создаде попријатна работна средина за семејството и да се промовира родовата еднаквост на работното место и дома.

-Постои потреба од поголема соработка помеѓу граѓанските организации, владите и другите засегнати страни во регионот за да се креираат политики кои ефективно ги поддржуваат семејствата и промовираат родова еднаквост. Со тоа, можеме да создадеме поинклузивно општество каде и мажите и жените имаат можност да ги балансираат нивните професионални и лични животи.

Вебинарот беше организиран во синергија помеѓу двата проекта – „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“, поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија.

Извештајот од Вебинарот може да го прочитате ТУКА.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in