Д-р Марија Ристеска повеќе од 10 години е експерт за родови прашања и жени на ООН, пред сè во поглед на вклучувањето на родовите аспекти во политиките и буџетите во С. Македонија. Ристеска работи на овие теми од 2006 година, вклучувајќи ги и напорите за воведување родово одговорно буџетирање во македонскиот систем на политики, а дава придонес и во  олеснувањето на процесите за спроведување преку менторство, обуки, истражување, анализи и развој на модели на политики. Ристеска е една од авторите за родово одговорно буџетирање во универзитетите, а има искуство и заложби за подигнување на свеста за родовата политика, родовите трошоци и алатки за родова анализа. Ристеска разви и сеопфатна обука за државните службеници за ефикасно користење на родово-буџетски алатки. Проценки од родова перспектива се иста така дел од нејзиниот опус. Д-р Марија Ристеска има објавено и голем број документи, трудови, поглавја на книги и студии користејќи родова перспектива при анализирање на политиките, а исто така е и авторка на Стратегиите за родова еднаквост на општина Битола и на Градот Скопје, како и авторка на Стратегијата за семејно гласање и гласање во име на друг за Државната изборна комисија.

Вишња Бачановиќ (магистерка по социологија) во Србија и регионот на Западен Балкан работи како стручњак за вклучување на родовите аспекти повеќе од 10 години. Освен ова, таа поседува широко знаење поврзано со родово одговорното буџетирање и има работено на различни програми и проекти кои вклучуваат: градење на капацитети за низа чинители (НВО, јавни службеници, тела за родова еднаквост), развој на курсеви за е-учење за државни службеници, подготовка на прирачници за обука за механизам за родова еднаквост на локално ниво, спроведување проценка на инфраструктурата од родова гледна точка и обезбедување поддршка за нејзино подобрување, како и родова анализа во низа други области. Бачановиќ работи и на развивање јавни политики за родова еднаквост, како на општинско, така и на државно ниво, вклучително и инкорпорирање на родовите аспекти во ИПА програмирањето во Србија.

Таа е авторка и коавторка на трудови, упатства, алатки и извештаи поврзани со механизмите за родова еднаквост и алатки за вклучување на родовите аспекти во главните политики, во сферата на родото и животната средина, како и во областа на одговор при вонредни и итни случаи.

Во рамките на Женската платформа за развој на Србија, Бачановиќ е многу активна во застапувањето за родово одговорни политики и преоценки на политиките, засновани на дијалог во рамките на женските движења и спознавање на состојбата на теренот.

Аркимандрити има повеќе од 20 години искуство во областа на правата на жените, родово засновано насилство и унапредување на родовата еднаквост во албанското општество. Како родов стручњак зад неа стојат десетици проекти и многу активности, меѓу кои и за родово одговорно буџетирање, родово вклучување и родови анализи. Нејзин фокус се родовите димензии, промовирање и заштита на правата на жените на пазарот на трудот преку истражување, зголемување на свеста, активности за градење капацитети, мрежно поврзување, лобирање и застапување. Таа е и авторка на методологијата за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд преку зајакнување на девојчињата и жените кои работат во чевларската и текстилна индустрија од градските и полу-градските области во осум општини, преку стекнување знаење за трудовите права и обезбедување обука за пристап до пазарот на трудот, Законот за работни односи и родовата дискриминација. Таа е една од основачките на 3 граѓански организации кои делуваат како мрежи – за зајакнување на жените (AWEN), за набљудување на локалниот живот на мажите и жените и одговорност на општината (РОР) и за слободни и фер избори и родови квоти (KZLN). Таа е родова аналитичарка при Техничката помош на Европската унија за агендата за родова еднаквост во Албанија и родова консултантка на Советот на Европа за вклучување на родовите аспекти и развој на обуки. Аркимандрити е авторка на различни секторски анализи при што применува статистички пристап врз основа на истражувачки студии. Неодамнешната студија на која таа се потпишува како коавторка е прирачникот „Како да се одговори на семејното насилство со посебен фокус на албанската државна полиција“, кој вклучува и следење на работата на центрите за примарна здравствена заштита во пет албански општини. Таа е феминистка, активистка за жени и основачка на првата феминистичка библиотека во Албанија во 2015 година, со 2000 наслови на меѓународни феминистички книги, а истовремено ги привршува и докторските студии за семејство и заедница. Нејзините двојни магистерски студии се од областа на род, сиромаштија и вработување и бизнис администрација.

Стриковиќ дипломира на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Црна Гора и e магистерка по родови студии на Факултет за хуманистички науки при Универзитет Доња Горица. Вработена е во „Женска акција“ од нејзиното основање од 2000 година, каде сега е извршен директорка. Таа е овластена обучувачка за родово буџетирање од страна на УНИФЕМ; Обучувачи и комуникациски вештини, од страна на Норвешката народна помош; Родови студии од страна Министерството за правда, Црна Гора; Учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки од страна на ЕУ; и Управување со проекти на ЕУ од страна на Делегацијата на ЕУ во Сараево. Има повеќегодишно искуство во организирање меѓународни конференции, семинари, едукативни состаноци, јавни презентации на публикации, списанија и документи за родови и други теми; сложени социолошки и статистички истражувања за женското население во Црна Гора итн. Нејзиното стручно членство се состои од:
– 2006 – 2019 година: Претседателка на Одбор за женско претприемништво во Стопанската комора на Црна Гора;
– 2008 – сè уште: Членка на регионално женско лоби;
– 2009-2014 година: Членка на Советот за јавни услуги – Радио телевизија Црна Гора;
– 2013- сè уште: Членка на Управниот одбор на Педагошкиот центар на Црна Гора;
– 2015 – 2019 година: Членка на Советодавната група на жени од граѓанското општество при ООН за Европа и Централна Азија;
– 2014- 2017 година: Членка на Комисија за распределба на дел од средствата од игри на среќа при Министерството за финансии;
– 2018- 2019 година: Членка на Комисија за доделување помош на невладини организации при Министерството за култура.

Наталија Којокару е докажана експертка  на полето на законодавство за човекови права и развој на политики во Република Молдавија, со посебен фокус на инвалидитет, а од 2015 година работи на вклучување на родовата еднаквост во развојните проекти. Како дел од стручното искуство, таа има работено на јакнење на жените преку обука и менторство со цел зголемување на нивното учеството во процесите на донесување одлуки на различни нивоа. Во последните 3 години, Којокару започна да спроведува родово одговорно буџетирање во Молдавија. Таа има знаење и искуство во користење на родова анализа и е вклучена во развојот на извештаи за набудувања на родот и политиките. Наталија Којокару е координаторка за Молдавија во рамките на МРОБ.

Како американска и косовска државјанка, Фарнсворт работи во Косово веќе 17 години, пред сè со Мрежата на жени на Косово (МЖК). Во моментов таму е задолжена како програмска директорка и водечка истражувачка. Истражувачка за социологија (м-р од London School of Economics), писателка и активистка за родова еднаквост, Фарнсворт води истражувања и е (ко) авторка на 24 трудови за родова еднаквост, родово одговорно буџетирање, родово засновано насилство и вклучување на родовите аспекти во процесот на пристапување кон ЕУ, а неколку од нив и придонесоа за законски и политички промени. Има обучено и менторирано  владини организации на локално и централно ниво во Косово, поддржувајќи ги во воведувањето на родово одговорно буџетирање. Дава поддршка и на Министерството за финансии во развојот на буџетскиот циркулар за родово одговорно буџетирање, како и наставни програми на оваа тема за Косовскиот институт за јавна администрација. Од 2016 година, таа е лидерка на тимот што ја советува Канцеларијата на ЕУ во Косово во поглед на родовата анализа, вклучување на родовите аспекти во главните текови на програмирањето од ЕУ и спроведување на II-от Родoв акциски план на ЕУ. Фарнсворт исто така редовно се консултира со различни меѓународни организации во поглед на родовата анализа, вклучување на родовите аспекти во главните политики и техниките за застапување и поддршка на граѓанското општество.

Како претставничка на МЖК се јавува и Нерина Гури. Таа работи на родово одговорно буџетирање (РОБ) од 2016 година во рамки на Мрежата на жени на Косово (МЖК). Нури собира и анализира родово распределни податоци од релевантни институции во Косово и менторира јавните службеници за РОБ, вклучително и инкорпорирање на родовите аспекти во јавните политики. Таа е коавторка на неколку трудови на МЖК за РОБ за министерствата за трговија и индустрија, животна средина и просторно планирање, дијаспора, земјоделство, шумарство и рурален развој. Како дел од ова, Гури дава и поддршка на министерствата и општините во спроведувањето на нивните законски обврски за РОБ. Гури има дипломирано на Економскиот факултет при Универзитетот во Приштина и е магистерка по род, развој и глобализација од London School of Economics.

Мерсиха Јаскиќ од Босна и Херцеговина е претставничка од партнерското здружение Центар за унапредување со граѓанското општество. Поседува диплома за меѓународни односи и европски студии,а воедно е и магистер по безбедност и управување со конфликти. Иако нејзината примарна експертиза е во делот на прашања поврзани со безбедноста и етнички конфликти, Јаскиќ се интересира и за родови прашања, родова еднаквост и постапките за јавни набавки. Има посетувано низа обуки во врска со родовата еднаквост, родово одговорно буџетирање, корупцијата во јавниот сектор, а помина и едно тримесечје на Меѓународниот институт за социјални студии на Универзитетот Еразмус во Хаг, проучувајќи Родови и човекови права и студиите за конфликти (перспективи на социјална правда). Како дел од додипломската пракса во локална невладина организација за „свиркачи“,Јаскиќ објави и труд под наслов „Буџетската транспарентност на единците за локална самоуправа во Босна и Херцеговина“.