Search

Експерти на МРОБ

Марија Ристеска е доктор на политички науки, има искуство во предавање јавна политика и работи како истражувач на политики, аналитичар и советник на централно и локално ниво од 2006. Ристеска има напишано книга ,,Јавна политика, креирање политики и јавна вредност (2017)”. Нејзината специјализација е во вклучување на родовата перспектива во политиките, буџетите и проектите. Нејзиниот капацитет е изграден од UN Women, но Ристеска има работено и како консултант за родови прашања за ILO, EC, OSCE, UNDP, COE и GIZ/FAO. Ристеска разви програми за градење капацитети и беше ментор за родово одговорно буџетирање за владините претставници на централно и локално ниво како и граѓански организации. Марија придонесе за курсот за РОБ на IMF институтот во Виена и е коавтор на учебникот за универзитети ,,Родово одговорно буџетирање (2013)’’. Ристеска е регионален директор на Мрежата за родово одговорно буџетирање на граѓански организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Србија и Молдавија; и работи како меѓународен експерт за родови прашања за иницијативата Жени во владата на УСАИД во Источна Украина. Марија Ристеска е автор на бројни политички студии и документи како што се стратегии и програми кои се применуваат или се развиваат врз основа на методологии за вклучување на родовата перспектива во јавните политики. Марија дејствува како програмска директорка на Мрежата за родово одговорно буџетирање.


 

Вишња Бачановиќ (магистер по социологија) работи како експерт за вклучување на родовата перспектива во јавните политики повеќе од 10 години во Србија и регионот на Западен Балкан. Таа е специјализирана за вклучување на родовата перспектива во политиките и родово одговорно буџетирање. Таа има работено во различни програми и проекти кои вклучуваат: градење на капацитети на различни чинители (невладини организации, јавни службеници, механизми за родова еднаквост), развој на онлајн курсеви за граѓански службеници, подготовка на сеопфатен прирачник за обука за механизам на родова еднаквост на локално ниво, спроведување проценка на родовата инфраструктура и обезбедување поддршка за нејзино подобрување и родова анализа во различни сектори. Вишња има работено на развој на политики за родова еднаквост, и на локално и на национално ниво и вклучување на родовата перспектива во јавните политики во различни сектори, вклучувајќи и вклучување на родовата перспектива во ИПА програмата во Србија. Таа е автор и коавтор на трудови, прирачници, алатки и извештаи поврзани со механизмите на родова еднаквост и капацитетите за вклучување на родовата перспектива во јавните политики. Во рамките на Женската платформа за развој на Србија, Вишња е многу активна во застапувањето на родово одговорни политики во Србија и проценките на политиките засновани на дијалог во рамките на женското движење и воведување на основите на знаењето.

Мирела Аркимандрити има повеќе од 20 години искуство во областа на правата на жените, родово насилство и унапредување на родовата еднаквост во Албанското општество. Како експертка за родови прашања и директорка на Центарот Развој на родовата алијанса таа има имплементирано многу проекти и организирано многу активности посветени за родово насилство, работничките права на жените , родово одговорно буџетирање, вклучување на родовата перспектива во јавните политики и анализа. Мирела е истражувач и родов аналитичар, со значаен придонес во воспоставувањето на Community Coordinated Response (CCR) против семејно насилство во 5 општини во Албанија. Таа исто така има развиено методологија за мониторинг за Стратешката цел 3 посветена на борбата против родово базирано насилство на Националната стратегија за родова еднаквост 2016-2020 во Албанија, преку мониторинг на 9 општини и објавени извештаи за мониторинг за јавноста и другите засегнати страни. Таа е обучувач за феминистичка и родова еднаквост како и обучувач на многу организации за правата на жените. Таа има развиено различни секторски родови анализи, анализирано родови димензии, промовирано и заштитено на женските права на пазарот на трудот, подигање на свеста, има спроведено активности за градење на капацитети, вмрежување, лобирање и застапување. Покрај женските работнички права, таа развива методологија за подобрување на положбата на жените на пазарот на трудот преку зајакнување на група девојки и жени кои работат во текстилна индустрија од урбаните и пери урбани средини во осум општини, со знаење за правата на пазарот на трудот и преку обезбедување на обуки и знаење за пристап до пазарот на трудот, кодексот за работни односи и родовата дискриминација. Таа е ко-основач на 3 граѓански организации кои дејствуваат како мрежи за зајакнување на жените (AWEN), за мониторинг на локалниот живот на мажите и жените и општинската одговорност (POP) и за слободни и фер избори и родова квота (KZLN).

 

Славица Стриковиќ дипломира на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Црна Гора и e магистерка по родови студии на Факултет за хуманистички науки при Универзитет Доња Горица. Вработена е во „Женска акција“ од нејзиното основање од 2000 година, каде сега е извршна директорка. Таа е овластена обучувачка за родово буџетирање од страна на УНИФЕМ; Обучувачи и комуникациски вештини, од страна на Норвешката народна помош; Родови студии од страна на Министерството за правда, Црна Гора; Учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки од страна на ЕУ; и Управување со проекти на ЕУ од страна на Делегацијата на ЕУ во Сараево. Има повеќегодишно искуство во организирање меѓународни конференции, семинари, едукативни состаноци, јавни презентации на публикации, списанија и документи за родови и други теми; сложени социолошки и статистички истражувања за женското население во Црна Гора итн. Нејзиното стручно членство се состои од:
– 2006 – 2019 година: Претседателка на Одбор за женско претприемништво во Стопанската комора на Црна Гора;
– 2008 – сè уште: Членка на регионално женско лоби;
– 2009-2014 година: Членка на Советот за јавни услуги – Радио телевизија Црна Гора;
– 2013- сè уште: Членка на Управниот одбор на Педагошкиот центар на Црна Гора;
– 2015 – 2019 година: Членка на Советодавната група на жени од граѓанското општество при ООН за Европа и Централна Азија;
– 2014- 2017 година: Членка на Комисија за распределба на дел од средствата од игри на среќа при Министерството за финансии;
– 2018- 2019 година: Членка на Комисија за доделување помош на невладини организации при Министерството за култура.

Никол Фарнсворт,  американска и косовска државјанка, таа живее и работи во Косово 17 години, првенствено со Мрежата на жените на Косово (KWN) каде што во моментов работи како програмска директорка и главна истражувачка. Социолог истражувач (м-р, Лондонска школа за економија), писателка и активистка за родова еднаквост, таа го води истражувањето и е ко-автор на 24 публикации за родова еднаквост, родово одговорно буџетирање, родово базирано насилство и интегрирање на родова перспектива во процесот на пристапување во ЕУ. Неколку имаа влијание врз законските и политичките промени. Таа има обезбедено десетици обуки и прилагодено менторство за владините организации на локално и централно ниво во Косово, поддржувајќи ги во воведувањето родово одговорно буџетирање. Таа, исто така, го поддржа Министерството за финансии во дизајнирањето насоки во буџетските циркулари за родово одговорно буџетирање, како и креирање на наставни програми на оваа тема за Косовскиот институт за јавна администрација. Од 2016 година, таа служеше како лидер на тимот, советувајќи ја Канцеларијата на ЕУ во Косово за родова анализа, вклучување на родовата перспектива на програмите на ЕУ и спроведување на родовиот акционен план на ЕУ II. Никол, исто така, редовно, ширум светот, се консултира со различни меѓународни организации за родова анализа, вклучување на родовата перспектива во јавните политики, техники на застапување и поддршка на граѓанското општество.

Људмила Малкочи, професор истражувач, доктор на науки, регионален директор на Keystone Молдавија за Источна и Централна Европа и работи со човечки ресурси на Keystone повеќе од 14 години. Под нејзиното извонредно водство,  Keystone Молдавија стана еден од главните промотори на социјалната вклученост на лицата со интелектуална попреченост и ментално здравје во Молдавија и во регионот. Г-ѓа Малкочи е висококвалификуван специјалист со повеќе од 20 години меѓународна развојна експертиза во различни земји, вклучувајќи ги Молдавија, Русија, Турција, Украина, Романија, Белорусија и Казахстан. Таа работеше за различни меѓународни организации, како Светска банка, УСАИД, УНИЦЕФ, УНДП, Фондацијата Сорос, ЕУ итн. во различни области поврзани со развојот на заедницата, социјалната инклузија, инклузивно образование, вклучувањето на родовите аспекти во јавните политики и јавното здравје. Проф. д-р Малкочи има повеќе од 30 години експертиза за социолошко истражување во областа на ранливите групи со фокус на развој на политики засновани на докази, како и експертиза во настава и водење на докторантите по социологија.

Програмска координаторка

Маја Варошлија е високо квалификувана и искусна во работата на граѓанскиот сектор со над 20 години искуство. Таа е магистер по социјална работа и социјална политика при Институтот за социјална работа и политика на Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во Скопје. Маја поседува големо знаење за развивање и водење на програми и проекти за помош на ранливи лица, вклучително и жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство. Таа, исто така, учествувала во големи истражувачки проекти и анализи на состојби во однос на теми од интерес. Маја го водеше проектот на ЦИКП за адаптација и имплементација на Програмата „Иницијатива за млади мажи“ (YMI), за справување со родовите нееднаквости, промовирање на превенција од насилство, здрав начин на живот кај момчињата и девојчињата на национално ниво. Во текот на нејзината кариера, нејзината мисија беше да им помага на ранливите луѓе и да се залага за нивните права давајќи им глас. Таа сега е програмска координаторка на Мрежата за родово одговорно буџетирање.

Службеничка за грантови

Ивана Петрискова е магистер по европски студии на Универзитетот Комениус во Братислава, Словачка. Најголем дел од нејзиното професионално искуство (+10 години) е фокусирано на граѓанското општество, работејќи на зајакнување на младите во рамките на локални и меѓународни проекти (Еразмус+, проекти на Европскиот корпус за солидарност, Вишеградски фонд и слично). Ивана беше национален координатор на меѓународната програма Social Impact Award Slovakia, поддржувајќи ги младите луѓе да ги развијат своите почетни идеи за социјално претприемништво. Таа има искуство во пишување грантови, квалитативно истражување, градење капацитети и мерење на влијанието на ГО. Како консултант таа соработува со неколку граѓански организации кои се фокусираат на родовата еднаквост, образованието на младите и жените, зајакнувањето и вработувањето. Од јуни 2023 година таа е службеничка за грантови за Мрежата на родово одговорно буџетирање (МРОБ).

 

Координатори по држави

Славица Стриковиќдипломира на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Црна Гора и e магистерка по родови студии на Факултет за хуманистички науки при Универзитет Доња Горица. Вработена е во „Женска акција“ од нејзиното основање од 2000 година, каде сега е извршна директорка. Таа е овластена обучувачка за родово буџетирање од страна на УНИФЕМ; Обучувачи и комуникациски вештини, од страна на Норвешката народна помош; Родови студии од страна на Министерството за правда, Црна Гора; Учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки од страна на ЕУ; и Управување со проекти на ЕУ од страна на Делегацијата на ЕУ во Сараево. Има повеќегодишно искуство во организирање меѓународни конференции, семинари, едукативни состаноци, јавни презентации на публикации, списанија и документи за родови и други теми; сложени социолошки и статистички истражувања за женското население во Црна Гора итн. Нејзиното стручно членство се состои од:
– 2006 – 2019 година: Претседателка на Одбор за женско претприемништво во Стопанската комора на Црна Гора;
– 2008 – сè уште: Членка на регионално женско лоби;
– 2009-2014 година: Членка на Советот за јавни услуги – Радио телевизија Црна Гора;
– 2013- сè уште: Членка на Управниот одбор на Педагошкиот центар на Црна Гора;
– 2015 – 2019 година: Членка на Советодавната група на жени од граѓанското општество при ООН за Европа и Централна Азија;
– 2014- 2017 година: Членка на Комисија за распределба на дел од средствата од игри на среќа при Министерството за финансии;
– 2018- 2019 година: Членка на Комисија за доделување помош на невладини организации при Министерството за култура.

 

Мерсиха Јаскиќ од Босна и Херцеговина е претставничка од партнерското здружение Центар за унапредување со граѓанското општество. Поседува диплома за меѓународни односи и европски студии,а воедно е и магистер по безбедност и управување со конфликти. Иако нејзината примарна експертиза е во делот на прашања поврзани со безбедноста и етнички конфликти, Јаскиќ се интересира и за родови прашања, родова еднаквост и постапките за јавни набавки. Има посетувано низа обуки во врска со родовата еднаквост, родово одговорно буџетирање, корупцијата во јавниот сектор, а помина и едно тримесечје на Меѓународниот институт за социјални студии на Универзитетот Еразмус во Хаг, проучувајќи Родови и човекови права и студиите за конфликти (перспективи на социјална правда). Како дел од додипломската пракса во локална невладина организација, Јаскиќ објави и труд под наслов „Буџетската транспарентност на единците за локална самоуправа во Босна и Херцеговина“ и понуди стручни услуги за изготвување различни извештаи за човековите права, родовата еднаквост и зајакнувањето на жените.

Драгана Сречков ја претставува партнерската организација Gender Knowledge Hub од Србија. Таа е искусен професионалец со богато 13 годишно искуство како проектен менаџер и во јавниот и во граѓанскиот сектор. Во текот на нејзината кариера, таа беше на чело на проекти финансирани од Европската комисија, покажувајќи ја нејзината умешност во управување на сложени иницијативи. Драгана има диплома по Теорија на култура и медиуми и носи солидна академска основа за нејзините професионални потфати. Надвор од нејзината менаџерска улога, Драгана се докажа како вешта обучувачка, одржувајќи работилници и едукативни активности на основни и напредни нивоа. Нејзината експертиза се протега на пренесување на клучни знаења за програми како што е програмата Креативна Европа и други иницијативи во рамките на Европската комисија. Со повеќеслоен пристап, Драгана ја нагласува нејзината посветеност за унапредување на културните иницијативи, градење капацитети и поттикнување на соработка во динамичниот пејзаж на креативниот сектор. Нејзиниот разновиден сет на вештини е доста важен елемент во обликувањето и придонесот кон културниот и проектен пејзаж на Србија.

 

Александру Грибинчеа е претставник на партнерската организација Keystone Moldova. Тој е доктор на науки по светска економија: меѓународни економски односи. Во текот на своите докторски студии, тој напишал повеќе од 25 научни статии од областа на економијата. Александру поседува две факултетски дипломи, едната од областа на економијата, а друга од областа на правото. Работел како предавач и професор по економија. Тој, исто така, беше адвокат приправник специјализиран за деловни и граѓански права. Учествувал во различни програми за обука фокусирани на родова еднаквост и родово одговорно буџетирање. Александру, исто така, учествувал во меѓународни програми поминувајќи еден семестар на Универзитетот Кадиз во Шпанија за време на неговите докторски студии. Исто така бил ангажиран во друга програма од Еразмус на Универзитетот Данубиус во Галаци, Романија за време на неговите магистерски студии.

.

Елиријета Бека е магистер по менаџмент, бизнис и економија на Колеџот UBT и нејзината теза гласи ,,Важноста на економијата на благосостојбата: анализа на економските индикатори и среќата во економскиот раст (Студија на случај: Западен Балкан)”. Во 2023 година започнала со Балкански студии на Универизитетот во Приштина. Работела во високото образование во Косово на Колеџот УБТ и Колеџот Риинвест во временската рамка 2019-2022 година, каде што имала шанса да координира различни факултетски програми, вклучувајќи ја и истражувачката програма. Елиријета била и асистент по предметот Вовед во финансиски менаџмент. Таа има објавено и придонесе за неколку истражувачки трудови поврзани со економијата, човековите права, градењето на мирот и родот, и има работено како надворешен експерт за различни истражувачки компании. Таа е алумна на Регионалното младинско партнерство, програма создадена за да ги обедини младите од Босна и Херцеговина, Косово и Србија во активностите за градење на мир. Таа е и обучувач за градење на мир. Таа започна да работи во Мрежата на жените на Косово (KWN) во 2023 година, каде што е координаторка за родово одговорно буџетирање. Таа има собрано и анализирано родово поделени податоци од релевантни институции во Косово и менторираше јавни службеници во РОБ, вклучително и вклучување на родовата перспектива во јавните политики.

Кристијан Лика е проектниот координатор од Албанија и го претставува GADC почнувајќи од 2022 година. Неговото образование вклучува диплома по социологија на Универзитетот во Тирана и диплома по политички науки и меѓународни односи на Универзитетот ЕПОКА. Со професионални определби во академијата, меѓународните организации и граѓанските организации (ГО), Кристијан со својата експертиза доста придонесува за МРОБ. Неговиот професионален фокус вклучува ефективно координирање и организирање настани и активности за проектните тимови. Преку ова искуство, Кристијан ги усоврши своите вештини за управување со проекти, демонстрирајќи вештина во планирањето на активностите, придржувањето до временските рокови и буџетите и успешна испорака на резултати што се усогласуваат со целите на проектот и очекувањата на засегнатите страни.

Надворешни стручни соработници

Ида Мантон е експерт со долгогодишно искуство како обучувач и практичар во областа на меѓународните односи и дипломатијата, со фокус на преговори, медијација и решавање конфликти. Таа е член на POINT на PIN, виш советник за преговори и разрешување конфликти за PACE глобалните стратегии (САД) и Just Access (Германија), визитинг професор во VŠE Прага (Чешка), член на Управниот комитет на Академската мрежа на ОБСЕ која ја претставува Женева- базиран Дипломатски дијалог, ментор на иницијативата CEEHER на GLOBSEC и мајка на две ќерки. Ида магистрирала на Универитетот Лајден и Клингендел и е магистер по меѓународни односи ди дипломатија. Нејзиниот професионален ангажман вклучува работа за меѓународни организации (и на ниво на штаб и на теренски операции), невладини организации, универзитети, дипломатски академии, академски институти и тинк тенкови. Таа обучувала дипломати (ОБСЕ, ЕУ, владини претставници), деловни луѓе, воен персонал (НАТО одбранбен колеџ, ESDC, CASD) и студенти, за теми поврзани со меѓународните преговарачки процеси, посредување и решавање на конфликти. Таа има спроведено обуки за различни Дипломатски академии, институти, организации/сојузи/унии (ОБСЕ, ЕУ, НАТО, ICMPD) и универзитети низ Европа и Централна Азија. Таа беше во тимови за градење капацитети за подготовка на државните службеници за претседателствата на ЕУ (Малта, Романија и Хрватска). Таа има објавено написи, поглавја од книги, презентирани на меѓународни конференции и има напишано кратки политики, референтни водичи (вклучувајќи и за градење мир за ОБСЕ) и симулации за преговори. Таа обезбедува обука за застапување за мрежата.

 

Марија Вуковиќ е редовна професорка на на бизнис школата за родово одговорно буџетирање и јавни финансии во Нови Сад, консултант за родово буџетирање и консултант за даночна политик (директор на агенцијата за сметководство и даноци „TaxIT“. Главни полиња на експертиза: феминистичка економија, сметководство, буџетирање, јавни финансии, женски права, национална и европска економија, јавни финансии, оданочување, нееднаквост. Специфична експертиза: родова еднаквост, вклучување на родовата перспектива во јавните политики, род и развој, родово програмирање, родова анализа, воведување родови индикатори, цели за одржлив развој.

Ристе Јуруковски е магистер по економија. Со повеќе од 13 години професионално искуство во јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор, Јуруковски е специјализиран за анализа на јавните политики и проценка на влијанието на регулативата, како и физибилити студии. Тој има темелно познавање за РОБ и покрива модули поврзани со извршување на буџетот, како и родово планирање на приходите и расходите од родова перспектива.

Зорана Антонијевиќ е доктор по родови студии на Универзитетот во Нови Сад. Во сржта на нејзините истражувачки интереси се родовите институции, родот во грижата и безбедносните политики, критичките студии за мажите и машкоста и нивната примена во постконфликтниот, транзициски контекст. Повеќе од дваесет години Зорана е консултант за родова еднаквост за различни меѓународни, регионални и национални организации и институции. Таа е научен соработник во Центарот за меѓународна безбедност, Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград и придружна членка на Одборот за родова еднаквост на Универзитетот во Нови Сад. Таа е активна во женското движење, особено против анти-родовите проекти на Балканот.

Наталија Возиан е искусна и повеќејазична консултантка за јавни политики и родови прашања. Во последните 9 години, таа работеше на повеќе проекти и консултантски области за родова еднаквост, вклучително и EVAW, GRB и GM во водечки светски компании и организации на ОН. Со EMBA од Универзитетот во Шефилд и сертификација од INSEAD, меѓународна програма за родова разновидност, таа испорача повеќе од 25 национални и глобални проекти од среден до сложен обем и ги поддржа владите да изготват и имплементираат стратешки јавни политики, услуги и буџети за постигнување социо-економски одржливост и родова еднаквост. Како дел од нејзината професионална активност, Наталија е дел од тимот кој ја разви Националната стратегија за обезбедување родова еднаквост меѓу мажите и жените во Република Молдавија, областа на РОБ и EVAW и првата Национална стратегија за спречување и борба против насилството врз жените и децата. Таа го има поддржано Министерството за финансии и Министерството за труд во спроведувањето на РОБ на национално ниво. Таа, исто така, придонесе за градење и зајакнување на експертизата за РОБ меѓу локалните НВОа и ко-креирајќи ја Регионалната мрежа за набљудување на РОБ (Албанија, Србија, Македонија и Молдавија). Автор е на неколку прирачници за примена на социјални иновации во EVAW и миграција.  Таа е коавтор на прирачник за родова еднаквост за младите луѓе и заедницата воопшто. Таа има големо знаење и искуство во користење на родова анализа и вклучување на родот во различни социо-економски области, вклучувајќи: миграција, труд, заштита на децата. Работејќи со луѓе од различни култури и региони, таа има широка практика во виртуелна соработка и комуникација.  Таа има интерес за корисничкото искуство, социјалните иновации, дизајнерското размислување, човековите и женските права и менторството. Наталија ја доби наградата за човекови права на ОН за граѓански активизам.