ЦИКП ја претставува фискална анализа „ Справување со ковид- 19: како трошењето на јавните пари влијае на родовата еднаквост?“

Центарот за истражување и креирање полити во рамки на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“, финансиски поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Ве поканува на преставувањето на родовата анализа под наслов „ Справување со ковид-19: како трошењето на јавните пари влијае на родовата еднаквост?“. 

 

Презентацијата на родоватаанализа ќе се одржи на 25/02/2021 (четврток), со почеток од 11 часот на комуникациската платформа ZOOM, за што линк ќе добиете по потврдата за присуство испратена на simonovski@crpm.org.mk , како и агенда.  

Oваа анализа се фокусира на јавните финансиикои беа определени за реализација на мерките на Владата од првиот, вториот и третиот пакет-мерки за справување со кризата во вкупна вредност од 194,4 милиони € (согласно периодот за кој се прави анализата- март/април до јули 2020 година) од родов аспект. Користејќи алатки за родово одговорно буџетирање, пред сè родово буџетска анализа на трошоци и родово одговорна оценка на корисниците на мерките, анализата дава детален осврт на родовиот јаз кој се создава со спроведувањето на усвоените мерки, а нуди и научени лекции и препораки кои треба да се спроведат во следниот период, но и по завршување на кризата со ковид-19.

Вашето присуство на настанот потврдете го преку повратна е-пошта на simonovski@crpm.org.mk . Дополнително, на истата е-пошта ви стоиме на располагање за дополнителни прашања или дообјаснување.

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in