Работилница за застапување и лобирање на високо ниво

‘’Никогаш не плашете се да го кренете гласот за искреност и вистина и сочувство против неправдата, лагата и алчноста. Ако луѓето ширум светот … би го направиле ова, тоа би ја променило Земјата“.

Вилијам Фокнер

Ден 3

Од Скопје се преместивме во прекрасниот регион на Тиквеш. Од 23ти јуни до 25ти 2023, нашите работилници продоложија и два дена дискутиравме за стратегии за застапување и лобирање на високо ниво и можности во кои може да се вклучиме како GBWN. Нашата мрежа претставува 88 граѓански организации. Како да ги едуцираме луѓето за да ги направиме демократските процеси силни? Зошто луѓето повеќе се грижат за автомобилот на својот сосед отколку за тоа како нивните даноци се трошат?

Нашиот експерт Ида Мантон не воодушеви со нејзините раскажувачки способности и уште од првиот момент беше јасно дека многу ќе научиме од неа. На првата сесија со Ида се поделивме во 3 групи и спроведовме мапирање на можностите за учество на граѓанските организации во интернационални настани, направивме календар за настани за следните две години и идентификувавме влезни точки за настани и идентификација на потенцијални партнери. Беше многу важно да се споделат и дискутираат различните идеи за платформи и потенцијални настани на кои би било корисно да се претстави мрежата.

Ида покани специјален гостин- Томе Лисичанец, кој е љубител на природата, шумарски инженер по професија и почитуван пензиониран професор во средното училиште за шумарство во Кавадарци. Томе ни ги покажа неговите уникатни фотографии од орли, планини и други природни убавини од коишто тој црпи инспирација. Тој ни ја покажа и неговата уникатна перспектива од неговото 77 годишно искуство за неговото планинарење по македонските планини и како климатските промени доведоа до штета на Земјата, што доведе до 40% суша.

Ден 4

Како можеме да влеземе во „менито“ дури и ако не сме на масата? Како да го „преведеме“ она што е договорено на меѓународно ниво?

На последниот ден од нашата работилница почнавме со структуриран план за последните две години со специфични задачи и акции што треба да се преземат, воден од Марија Ристеска и поддржен од Ида Мантон, доведувајќи ја теоријата во акција. Сега знаеме како и каде GBWN може да учествува во дискусии и форуми.

Попладневните сесии беа фокусирани на нашата самопроценка на стиловите на личноста што влијае на она на што сме фокусирани, било да е тоа акција, луѓе, процеси или идеи.

Знаејќи го нашиот стил и стилот на луѓето со кои сме во интеракција, може подобро да идентификуваме кои вештини треба тие да ги развијат со цел напорите за застапување да бидат успешни. Оваа серија работилници ја завршивме со јасен план за активности до крајот на годината. Следува работилница за Стратегија за комуникација во Молдавија. Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме со партнерите.

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in