Инвестирајте во она што е важно за луѓето! Ова беше централна тема на меѓународната конференција „Политики на родово одговорно буџетирање во новата повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ“, одржана оваа недела во Никозија под покровителство на Претседателството на Советот на ЕУ од Кипар. Учесниците изразија загриженост дека предлозите за следниот долгогодишен буџет на ЕУ ризикуваат да ја занемарат родовата еднаквост и социјалните приоритети. Приоритетите на ЕУ поврзани со конкурентноста и безбедноста ја поткопуваат целта за социјална и родова еднаквост.
Главниот исход на конференцијата е Никозиската Декларација, која ги повикува институциите на ЕУ да го приоритизираат финансирањето за родова еднаквост, правата на жените, грижа и социјални приоритети, да вклучат јасни цели за родова еднаквост во програмите за финансирање на ЕУ и да ја интегрираат родовата еднаквост на сите фази од буџетскиот циклус на ЕУ.
Академици, експерти, креатори на политики и активисти покренуваат петиција со која ги повикуваат институциите на ЕУ и националните влади да обезбедат следниот буџет на ЕУ да работи за родова еднаквост идобросостојба на луѓето!
Потпишете ја петицијата ТУКА!


