Почитувани,
Центарот за истражување и креирање политики во име на Мрежата за родов надзор на буџетот за Западен Балкан и Република Молдавија и проектот „Низ женски леќи“ има чест да Ве покани на вебинарот под наслов „Родовата еднаквост и климатски промени“.
Настанот е овозможен со поддршка од Австриската агенција за развој (ADA), Шведската агенција за меѓународен развој (SIDA) и Делегацијата на ЕУ во земјава.
Вебинарот ќе се одржи на 13-ти јули (вторник) во периодот од 10 ч. до 14 ч. преку платформата ЗУМ.
Вебинарот ќе ми овозможи:
– Сфаќање на поврзаноста помеѓу родовата еднаквост, родовите трансформативни активности и справувањето со климатските промени;
– Размена на мислења за родово-одговорното буџетирање и следењето на јавните финансии за активности поврзани за справување со климатските промени;
– Истражување на можностите за меѓусекторска соработка на граѓанското општество во регионот на Западен Балкан;
За да присуствувате, може да се пријавите на следниот линк:
https://bit.ly/geccregistration
Деталите за вебинарот, вклучително линкот за најавување и агендата, ќе добиете по извршената регистрација.
Обезбеден е превод од англиски јазик на македонски јазик и обратно.
Доколку имате какви било какви прашања или потреба од дообјаснување, испратете е-пошта на simonovski@crpm.org.mk.