Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) упатуваат повик за доставување апстракти за 3-та Заедница на практичари за родово одговорно буџетирање (GRB Community of Practice), посветена на зајакнување на соработката меѓу универзитетите и граѓанските организации за создавање родово еднакви општества. Конференцијата ќе се одржи од 25 до 27 август во Охрид, Северна Македонија, и ќе се фокусира на начините на кои родово одговорното буџетирање може да придонесе кон трансформација на јавните финансии, климатското финансирање, системите за грижа и пристапот до финансии за бизниси предводени од жени и жени претприемачки.
Теми на конференцијата
Ги покануваме авторите да достават теоретски, емпириски, компаративни и практично ориентирани трудови кои се однесуваат на една или повеќе од следните теми:
- Финансисрање на економијата на грижа преку родово одговорно буџетирање – Трудовите можат да се фокусираат на тоа како јавните буџети ја препознаваат, намалуваат, прераспределуваат, вреднуваат и вклучуваат работата поврзана со грижата; како инвестициите во детска грижа, грижа за стари лица, долгорочна грижа, здравство, социјална заштита и инфраструктура за грижа придонесуваат кон родова еднаквост; како и на улогата на родово одговорното буџетирање во создавање поодржливи и поинклузивни системи за грижа.
- Родово одговорно климатско финансирање и праведна транзиција – Трудовите можат да разгледуваат како климатските буџети, зелените инвестиции, финансирањето на намалување на ризиците од катастрофи, политиките за енергетска транзиција и мерките за адаптација можат да се анализираат и унапредат преку родова перспектива. Придонесите може да опфатат теми како родово чувствителни климатски податоци, алатки за климатско буџетирање, финансирање на климатски активности на локално ниво и вклучување на жените и ранливите групи во донесувањето одлуки поврзани со климата.
- Финансисрање на женското претприемништво и економијата предводена од жени – Трудовите можат да се насочат кон пристапот до финансии за жени претприемачки, мали и средни претпријатија предводени од жени, стартапи и неформални или недоволно поддржани бизниси; улогата на финансиските регулатори и давателите на финансиски услуги; финансиски податоци поделени според пол; WE Finance Code; како и политички инструменти кои го зголемуваат економското учество на жените.
- Соработка меѓу универзитетите и граѓанските организации за родово еднакви општества – Трудовите можат да анализираат модели на соработка меѓу академската заедница и граѓанското општество во создавање докази, развивање родово чувствителни истражувања и податоци, зајакнување на јавната отчетност и претворање на истражувањата во активности за застапување, реформи на политики и буџетски промени.
- Иновативни методологии, алатки и технологии за родово одговорно буџетирање – Трудовите можат да се фокусираат на нови пристапи во анализата на родовите аспекти во буџетите, следењето на буџетските расходи, означувањето на буџетски средства според родова перспектива, партиципативното буџетирање, дигиталните алатки, контролни табли, анализа поддржана со вештачка интелигенција, интерсекциски податоци и други иновации кои ја зајакнуваат транспарентноста и отчетноста за родова еднаквост.
- Буџетирање за благосостојба, еднаквости и социјална правда –Трудовите можат да се однесуваат на тоа како пристапите засновани на економија на благосостојба, рамките за инклузивен раст, социјалните инвестиции и родово одговорните фискални политики можат да придонесат кон поправедни резултати. Може да бидат вклучени компаративни искуства, локални и национални студии на случај, како и препораки за политики од различни региони.
Ве молиме доставете апстракт на труд кој се однесува на некоја од наведените теми за родово одговорно буџетирање. Апстрактот треба да биде поврзан со една или повеќе од претходно наведените теми и да не биде подолг од 300 зборови, при што треба да содржи:
- Наслов на трудот;
- 3–8 клучни зборови кои ја опишуваат темата, предметот и опфатот на трудот;
- Е-пошта на авторот/презентерот на трудот и е-пошта на коавторот/коавторите.
Важни датуми:
- Краен рок за доставување апстракти: 06.07.2026 на: https://forms.gle/P89U8Si2N45PkXhh9
- Известување за прифаќање на апстрактите: 15.07.2026
- Датум на конференцијата: 25–27.08.2026
- Краен рок за доставување на целосни трудови: 31.10.2026
Повеќе информации за повикот можете да најдете тука


