Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) на Форумот на граѓанското општество и Регионалниот форум за одржлив развој 2026

Мрежата за родово одговорно буџетирање активно придонесе во клучните регионални дискусии што се одржаа во Женева од 20 до 22 април 2026 година, преку учество на Форумот на граѓанското општество и Регионалниот форум за одржлив развој 2026. На овие настани се собраа претставници на владите, граѓанското општество и меѓународни организации со цел забрзување на напредокот во спроведувањето на Агендата 2030 во регионот на UNECE.

Зајакнување на гласот на граѓанското општество на Форумот на граѓански организации (20 април)

На Форумот на граѓанското општество, организиран од Регионалниот механизам за вклучување на граѓанското општество, МРОБ се приклучи на претставници на граѓански организации од регионот на UNECE во дискусиите за предизвици како што се намалувањето на просторот за граѓанско делување, геополитичките тензии и предизвиците за мултилатерализмот. Форумот обезбеди важна платформа за заедничко застапување на граѓанското општество пред Регионалниот форум.

Дискусиите беа насочени кон целите за одржлив развој кои беа предмет на разгледување: ЦОР 6 (Чиста вода и санитарни услови), ЦОР 7 (Достапна и чиста енергија), ЦОР 9 (Индустрија, иновации и инфраструктура), ЦОР 11 (Одржливи градови и заедници) и ЦОР 17 (Партнерства за остварување на целите).

Претставниците на МРОБ, Ивана Петришкова (ЦИКП) и Александру Грибинчеа (Keystone Moldova), придонесоа во дискусиите за ЦОР 11, нагласувајќи ја важноста на инклузивни, еднакви и родово одговорни јавни политики. Тие ја истакнаа важноста на родово одговорното буџетирање (РОБ) и улогата на јавните буџети во обезбедување дека климатските, транспортните и урбаните политики ги земаат предвид различните потреби на жените и мажите.

На Форумот на граѓанското општество беше нагласена и потребата од пристап заснован на човекови права, поголемо учество во донесувањето одлуки и потранспарентни системи за јавни финансии.

Регионален форум за одржлив развој (21–22 април)

Во рамките на Регионалниот форум за одржлив развој, МРОБ учествуваше во дискусии со креатори на политики и други чинители, застапувајќи за примена на родово одговорни пристапи во одржливиот развој.

Форумот претставуваше важна платформа за отчетност, каде земјите го презентираа напредокот во спроведувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) и ги подготвуваа Доброволните национални извештаи.

Учеството на МРОБ беше насочено кон поврзување на родовата еднаквост, климатските активности и јавните финансии – области кои сè уште недоволно се интегрирани во политичките рамки низ регионот.

Придружен настан: Грижа, клима и мобилност

Еден од клучните моменти во учеството на МРОБ беше страничниот настан „Грижа, клима и мобилност: Зошто родово одговорниот транспорт е клучен за праведни климатски политики“.

Дискусијата ги обедини претставниците на владите, граѓанските организации и меѓународните организации со цел да се разгледа како транспортните системи можат подобро да ги одразат реалните потреби поврзани со грижата и да придонесат кон праведна климатска транзиција.

Агенда на настанот

Модератор: Ивана Петришкова, Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ), програмска координаторка

Воведни обраќања (8:30–9:00 часот):

  • Кире Илиоски, директор на Дирекцијата за мултилатерални прашања, Министерство за надворешни работи, Влада на Северна Македонија
  • Штефанија Деак, раководителка на Службата за координација и спроведување на одржлив развој, Влада на Романија – Оддел за одржлив развој
  • Елиса Фернандез, заменик-регионална директорка на UN Women

Перспектива на граѓанското општество (9:00–9:30 часот):

  • Александру Грибинчеа, Keystone Moldova, координатор на проектот МРОБ
  • Силвија Билс, членка на Управниот одбор на Регионалниот механизам за координација на граѓанското општество на UNECE (ECERCEM), Gray Panthers
  • Драгана Дардиќ, Хелсиншки парламент на граѓани (онлајн)

 

Во рамките на дискусијата беше нагласено дека::

  • Транспортните системи не се родово неутрални и треба да ги земаат предвид различните навики и потреби за движење на жените и мажите;
  • Неплатената работа за грижа значително влијае врз начинот на кој жените го користат транспортот и имаат пристап до него;
  • Климатските политики во областа на мобилноста можат дополнително да ги продлабочат нееднаквостите доколку не ги вклучат родовите аспекти, возраста и попреченоста;
  • Родово одговорното буџетирање нуди практични алатки за усогласување на инвестициите со реалните потреби на граѓаните.

Настанот ја нагласи итната потреба од креирање транспортни системи кои се достапни, прифатливи, безбедни и отпорни на климатските промени, со цел никој да не биде изоставен во процесот на транзиција кон позелени економии.

Учеството на МРОБ во овие регионални процеси ја потврдува сè поголемата улога на граѓанското општество во креирањето инклузивни и отчетни политики за одржлив развој. Во пресрет на Форумот на високо политичко ниво за одржлив развој 2026 (High-Level Political Forum 2026), МРОБ ќе продолжи да се залага за родово одговорното буџетирање како клучен механизам за спроведување праведни климатски политики и обезбедување еднакви јавни услуги.

Повеќе фотографии од Регионалниот форум за одржлив развој 2026: https://www.flickr.com/photos/98046700@N04/albums/72177720333207657/

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in