Граѓанските организации со клучна улога во зајакнувањето на родовата еднаквост преку буџетите – главен заклучок на меѓународната конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово-одговорното) буџетирање: учество, застапување и отчетност“

Меѓународната конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово-одговорното) буџетирање: учество, застапување и отчетност“, што впрочем преставуваше заеднички настан организиран од страна на Мрежата за родово-одговорно буџетирање, UN Women и Меѓународното буџетско партнерство се одржа од 26-ти до 29-ти јуни 2022 година. во Охрид, Македонија. Конференцијата имаше за цел (i) да ги промовира различните улоги на граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост преку користење родово-одговорни алатки за буџетирање; (ii) да се разменат искуства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации за ефективни стратегии и пристапи во користењето алатките за РОБ со цел влијание врз политиките и буџетите, вклучително и во периодот по ковид-19; и (iii) да се обезбеди платформа за вмрежување и градење стратешки партнерства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации.

Конференцијата имаше седум (7) панели и десет (10) работилници, каде присуствуваа повеќе од шеесет (60+) учесници од осумнаесет (18) земји од Европа, Америка, Азија и Африка.

Активистите од граѓанското општество, истражувачите и родовите застапници разговараа за улогата на ГОи во вклучувањето на родот во политиките и буџетите, особено во време кога справувањето со здравствени, економски и други кризи и градењето отпорност кон нив не успева да ги пресретне различните потреби на жените и мажите.

Учесниците изнесоа различните пристапи за зајакнување на учеството на граѓанските организации во процесите на креирање политики и буџетирање на локално и централно ниво, ги нагласија  и придобивките што тоа ги носи за услугите и политиките, а конференцијата беше искористена и како форум за презентирање на пристапите, предизвиците, успесите и научените лекции при лансирање на различни партиципативни модели за изразување на потребите на жените.

Конференцијата обезбеди и простор за граѓанските организации да разговараат за предизвиците и пристапите за успешно застапување за родово-одговорни буџети од аспект на застапници при што се нагласи дека имаат клучна улога како чувар(к)и во управувањето и распределбата на јавните финансии за различните потреби на жените и мажите. Нивната работа во време на пандемија е уште порелевантна, особено во развојот на итна реакција и отпорност. Затоа, на конференцијата се дебатираше и за методологиите за надзор на јавните пари и нивните резултати.

Граѓанските организации мора да бидат доверливи партнери на владите (локалните и централните) во спречувањето на негативните ефекти, а акцент на дискусиите беше ставен и на усогласувањето на работата на ГО во владините  реформските агенди во управувањето со јавните пари во регионот.

Имајќи предвид дека во земјите во развој 14% од буџетите не се извршуваат, прашањето за кредибилитетот на буџетот беше исто така покренато, паралелно со методите за проценка на влијанието на неизвршувањето на буџетот врз родовата еднаквост.

Работилниците и активностите за вмрежување беа најдинамичниот дел од конференцијата. Учесниците се согласија дека вмрежувањето е многу корисно, а градењето коалиции не е едноставно. Тоа е комбинација на многу слоеви, интереси и низа актери. Оваа различност носи предизвици, како што се користење различни методологии и рамки, како и различно разбирање за тоа што значи родово учество. Но, од друга страна, овие разлики овозможуваат размена на идеи и искуства низ различен контекст и перспективи што води кон зајакнување на сите вклучени страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in