Активности: ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД: Превод на пет прирачници на македонски јазик

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД: Превод на пет прирачници на македонски јазик

Цел: Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) е институционализирана како ресурсен центар за ГО за РОБ

Активност: Превод на пет Прирачници како дополнителни материјали за читање во рамки на алатките за Родово Одговорно Буџетирање

Опсег на работата:
A) МРОБ ќе ангажира квалификуван преведувач или агенција која врши професионален превод за преведување на пет Прирачници од англиски на македонски јазик, и тоа:

• Guidebook on Gender Impact Assessments for Budgets – 35 страници
• Guidebook for gender budget watchdogging in climate change financing – 41 страница
• Guidebook on advocacy and lobbying for GRB and Climate Change – 20 страници
• Guidebook on Gender Budget Analysis – 30 страници
• Guidebook on Gender cost benefit/cost effectiveness assessment – 24 страници

B) Обезбедување на нацрт-превод за преглед и повратни информации.

C) Ревидирање и финализирање на преводот врз основа на добиените повратни информации.

Со цел да се минимизираат можните негативни еколошки последици од интервенцијата, материјалот нема да се печати туку да се споделува онлајн.

Потребно искуство:

– Докажано искуство во професионално преведување слични типови на содржини на Англиски јазик и обратно;
– Познавање на терминологијата која се однесува на родово одговорно буџетирање која се користи во прирачниците (ако е применливо).

Обезбедување квалитет:
Преведувачот/агенцијата е одговорна за обезбедување на точнен, јасносен и културно сензитивен превод.

Доверливост:
Сите информации содржани во прирачниците се сметаат за доверливи, а од преведувачот/агенцијата се очекува да одржува строга доверливост во текот на целиот процес на преведување. Плаќањата ќе се вршат по приемот и одобрувањето на конечните преводи

Временска рамка:

Преводот се очекува да биде завршен во рок од 25.12.2023-20.01.2024 година, со редовно известување за прогресот и можности за повратни информации во текот на процесот. Конечните преводи на прирачникот треба да бидат доставени најдоцна до 20 Јануари 2024 година.

Понуда:

  • Заинтересираните страни треба да ги достават своите понуди, вклучувајќи портфолио на релевантна работа и препораки.
  • Финансиска понуда треба да биде во евра toпо страница (цената треба да се искаже во нето, бидејќи проектот е ослободен од ДДВ)

Краен рок за поднесување на понудата:

  • Понудите да се достават на електронска адреса: varoshlija@crpm.org.mk
  • Краен рок за доставување на понудите: 22 декември 2023 година, 17:00 ч.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УСЛУГИ ЗА ПРЕВОД

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе активности