Развојот на јавните политики и постапката на буџетирање во ЈИЕ и Р. Молдавија се нетранспарентни и резултираат со политики кои не одговараат подеднакво на потребите на жените и мажите. Покрај ова, се забележува и нерамномерна распределба на јавните ресурси помеѓу двата пола. Граѓанските организации имаат ограничени капацитети за да придонесат кон сеопфатна родова проценка на буџетот, како документ за политика.  Притоа, мошне ретко се фокусира на прибирањето на приходите и распределбата на расходите од гледна точка на правичност и целисходност.

Програмата на Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) има за цел да ја зајакне улогата на граѓанските организации како чинители кои даваат придонес кон зголемувањето на одговорноста и транспарентноста и подобрување на управувањето со јавните пари, преку следење и проценка на влијанието на родовите политики и буџетите врз родовата еднаквост. МРОБ пред себе има поставена една општа и три посебни цели:

Општа цел: Да се зајакне учеството на граѓанските организации во политиките и процесите на буџетирање во ЈИЕ и Република Молдавија преку следење на постапките за развивање и усвојување на буџетите, известување и вмрежување.

Специфични цели:

СЦ1: Да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за користење алатки за родово-одговорно буџетирање (РОБ) за проценка на политиките и буџетите согласно потребите на мажите и жените

СЦ2: Да се развие мрежа за ефективно застапување, размена на знаења и информации и јакнење на одговорноста на владите

СЦ3: Да се ангажираат граѓаните и да се придонесе за промена на политиката што води кон родова реформа на јавните финансии

Директна таргет група се граѓанските организации, членовите на Мрежа за набљудување на родовиот буџет. Активностите се фокусираат на (i) зголемување на капацитетите, знаењето и вештините за политиките на климатски промени  на организации за правата на жените, и да се подобри нивното разбирање на процесите, влезните точки, празнините и потенцијалите и (ii) еколошки организации кои треба да ги зголемат своите знаења и вештини за родово вклучување на политиките за климатски промени и финансирање за климата.

MРОБ е разновидна и се состои од граѓански организации, think tank организации и групи за застапување за правата на попреченост. Оваа разновидност носи продуктивна мешавина на знаење, искуство и резултира со иницијативи кои ја вградуваат интерсекционалноста. Партнерите беа одбрани врз основа на нивното претходно искуство релевантно за проектот.

 

На кратко, преку сеопфатни анализи, застапување, пренесување на знаењето на трети граѓански организации и вмрежување, МРОБ  се труди да ги пополни проблематичните јазовите и да создаде трајни промени за што порамномерно и поправично трошење и искористување на јавните пари, со крајна цел родово еднакви општества во сите области во регионот на ЈИЕ.