Search

Нашата е-академија за родово одговорно буџетирање (РОБ) е наменета првенствено за претставниците на граѓанските организации кои сакаат да ги подобрат своите капацитети во оваа област и да ја зголемат употребата на РОБ во нивната работа во следењето на јавните политики и јавните финансии. Но, обуката е отворена за сите заинтересирани лица – практичари, научници, државни службеници, активисти кои се добредојдени да се приклучат.

Обуката е исто така еден вид вклучување во МРОБ, така што добродојдовте во нашата мрежа!

 

Доколку сте заинтересирани да се придружите на нашите курсеви, ве молиме напишете е-маил на gbwn@crpm.org.mk во која ќе ги наведете следните детали:

  • Име и презиме
  • Држава
  • Неколку реченици за вашата мотивација зошто сакате да го завршите модулот за РОБ за почетници
  • На кои јазици би сакале да биде обуката (англиски, албански, македонски, романски, српски/црногорски/босански)

(2) Ќе добиете повратен е-маил со корисничко име и лозинка.

 

(3) Со корисничкото име и лозинката се најавувате на платформата  https://gbwnacademy.net/   и ги следите добиените инструкции.

 

 

Првата обука се состои од два модула: основно и напредно РОБ.

МОДУЛ 1 – Родово одговорно буџетирање – основно вклучува:

  • Лекција 1- Вклучување на родовата перспектива во јавните политики
  • Лекција 2- Дефиниција и клучни концепти во РОБ
  • Лекција 3- Алатки и пристапи во РОБ
  • Лекција 4- Улогите на различни чинители

МОДУЛ 2 – родово одговорно буџетирање – напредно вклучува:

  • Лекција 1- Влезни точки за РОБ
  • Лекција 2- Буџетски класификации и пристапи кон РОБ
  • Лекциа 3- Родова анализа

Се надеваме дека ќе уживате во обуката! Службеничката за грантови на МРОБ ви стои на располагање за прашања и дискусии.