Во рамки на Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) развиени се седум хабови и тоа во С. Македонија, Србија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.
Со хабот во С. Македонија раководи Центарот за истражување и креирање политики, воедно и носител на проектот Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ). ЦИКП активно се занимава со градење на капацитети за вклучување на родовите аспекти во носечките политики, како и креирање државни и општински буџети согласно различните потреби на мажите и жените. ЦИКП на „родовото“ портфолио работи од 2009 година, спроведувајќи низа проекти кои вродија со вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките на централно и локално ниво. Од центарот „излезени“ се бројни анализи, документи, проценки на политики и мислења поврзани со родовата еднаквост, нефункционалноста на дадени политики во поглед на постигнувањето рамнотежа помеѓу мажите и жените во поглед на остварувањето на своите потреби и права, како и родово-буџетски студии кои даваат јасен приказ за состојбите, но и препораки за надминување на детектираните слабости. ЦИКП е особено горд на фактот што преставува прво граѓанско здружение кое ја изработи Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје – прва од ваков вид во земјава.
Центарот за родови сојузи за развој (ЦРСР) го води хабот во Албанија. ЦРСР е глас на жените Албанки во Албанија и движечка сила за промени. Здружението работи со цел да ги зајакне жените и да создаде еднаква и правична иднина за девојчињата и жените со ниски приходи за тие да можат да излезат од сиромаштија и исклученост низ цела држава.
Главните тематски области на ЦРСР се:
– Обезбедување економско зајакнување на жените преку претприемништво;
– Овозможување на граѓаните да ја следат локалната родовa агенда;
– Зголемување на учеството на жените во политиката и донесувањето одлуки;
– Градење мир и ставање крај на родово заснованото насилство;
– Унапредување на правата на жените во селските средини;
Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПГО) е прокетен партнер при МРОБ кој раководи со босанско-херецеговинскиот хаб. ЦПГО има повеќе од 20 години искуство во кампањи за застапување, од ниво на заедница па сè до државно ниво. ЦПГО дава придонес кон зајакнување на граѓанското општество во БиХ преку поддршка за развој на граѓанските организации, нивната меѓусебна соработка и вмрежување, воспоставување рамка за ефективни односи со владата, како и иницирање граѓански активизам.
Носители се на една од најуспешните програми за жени во БиХ и регионот каде успешните жени од различни сектори го споделуваат своето искуство и знаење со жени на кои им е потребна помош при барање работа или кариерниот развој. Со оваа програма досега се опфатени 1.170 жени. Во текот на 2013 и 2014 година ЦПГО формираше Техничка советодавна група (ТСГ), составена од 25 млади жени од различни делови на БиХ, со стекнато знаење за политички ангажман. ТСГ продолжи со својата работа во 2015 година без средства, обезбедувајќи бесплатно образование за жени при ЦПГО.
Мисијата на Женска мрежа на Косово (ЖМК) е да ги поддржува, заштитува и промовира правата и интересите на жените и девојчињата низ Косово, без оглед на нивните политички убедувања, вера, возраст, ниво на образование, сексуална ориентација и способност. ЖМК како локален партнер при МРОБ ја исполнува својата мисија преку размена на искуства и информации, партнерство и мрежно поврзување, истражување, застапување и нудење услуги. Работата на ЖМК е сеопфатна, во чија подготовка и спроведување учествува и членството на организацијата. Поподробно, ЖМК работи на пет програмски области и тоа:
Женска акција е црногорскиот спроведувач при МРОБ, невладина организација, основана на 17-ти февруари 2000 година. Организацијата создава и овозможува јавен простор за:
Повеќегодишно искуство на Женска акција вклучува координирање, управување и спроведување на локални, национални и регионални проекти и програми, вклучително и искуство во имплементација на ИПА-проекти и шеми за под-грантови.
Членовите на Хаб за родово знаење од Србија и претходно работеа на активности и програми поврзани со РОБ, како во земјата, така и надвор од неа. Хабот е основан во 2016 година, а во почетокот беше сосредоточен на:
Идејата за основање на овој хаб се роди со цел да се затвори јазот помеѓу стручноста и активизмот, но и да се прошири обемот на работа на граѓанските организации во Србија на теми поврзани со родови прашања. Родовата еднаквост во граѓанското општество во Србија е присутна кај женските организации кои главно се занимаваат со родово засновано насилство врз жени и девојчиња или како спорадична тема кај големите граѓански организации кои работат на специфични теми, како што се јавни политики, човекови права, заштита на животната средина и слично.
Keystone Молдавија е непрофитна и невладина организација која работи на создавање можности за луѓето да може да се надградуваат, вежбаат и учествуваат во општествените текови на молдавското општество. Мисијата на KEYSTONE Молдавија е да промовира и развива можности во форма на консултантски услуги, техничка помош, услуги за непосредна поддршка, обуки за најдобри практики и монетарна и административна поддршка за обезбедување квалитетен живот на лицата кои живеат во тешки социјални околности, вклучително и лица со посебни потреби, деца со посебни образовни потреби, злоупотребени деца и жени, семејства кои живеат во сиромаштија, дискриминирани групи на население и друго.
Keystone Молдавија има искуство во обезбедување техничка поддршка (i) на централните и локалните власти за развој на родово законодавство, политики и упатства; (ii) поддршка на локалните власти преку вклучување на родовите аспекти во главните постулати на програмите за поттик на економскиот развој во повеќе региони во земјата; (iii) поддршка на локалните власти за вклучување на родовиот аспект во модернизацијата на локалните јавни услуги и инфраструктура (на пр. рехабилитација на патиштата, улично осветлување). Поддршката меѓу другото, вклучува и застапување за употреба на родовите аспекти во процесот на буџетирање на сите нивоа. KЕYSTONE Молдавија исто така има искуство и со инкорпорирање на родовите аспекти во главните политики, како и во развој на проекти насочени кон подобрување на животот на ранливите граѓанин (на пр. лицата со посебни потреби и нивните семејства).
Subscribe to our newsletter to receive updates, news, and insights about our work in gender equality
Center for Research and Policy Making – Network for Gender Responsive Budgeting
With funding from