Придружете се на нашето глобално движење што повикува на подобро буџетирање на ЕУ за родова еднаквост!
Заедно со над 100 граѓански организации и експерти, Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) упатува повик до Европската комисија, Парламентот и Советот да обезбедат дека следната Повеќегодишна Финансиска Рамка (ПФР) – буџетот на ЕУ – ќе придонесе за родова еднаквост!
Новата ПФР мора:
✅ Да вклучи јасна цел за финансирање на родовата еднаквост
✅ Да бара родово одговорно буџетирање во сите програми финансирани од ЕУ
✅ Да повика на подобрен мониторинг, евалуација и транспарентност на резултатите
Зошто е ова важно?
Родовата еднаквост е фундаментална вредност и право.
Тоа е паметна инвестиција што води до зголемен БДП, развој и безбедност.
Прочитајте го целиот Полиси документ: ENGLISH VERSION HERE
Albanian
Bosnian/Serbian/Montenegrin
Macedonian
Romanian
Придружете се на движењето! Потпишете тука како ГО или поединец: SIGN HERE
Ајде да бараме буџети што ги рефлектираат нашите вредности и носат вистинска промена!
Дополнително, ве покануваме да испратите и свое адаптирано писмо на следната адреса:
📧 cab-vonderleyen-contact@ec.europa.eu
Еве еден предлог кој можете да го прилагодите според вашите потреби:
Почитувани …,
Ви пишуваме во име на повеќе од 200 граѓански организации и експерти од Европа и пошироко, со цел да ја повикаме Европската комисија да обезбеди новата Повеќегодишна финансиска рамка (ПФР) да придонесува за родова еднаквост и за правата на жените.
Бараме новата ПФР да:
✅ Вклучи јасна цел за финансирање на родова еднаквост и права на жените
✅ Воведе сеопфатно родово буџетирање во сите програми финансирани од ЕУ
✅ Повика на подобрен мониторинг, евалуација и транспарентност на резултатите поврзани со родовата еднаквост
Зошто е ова важно?
⚖️ Родовата еднаквост е фундаментална вредност и право. Повеќе од кога било, ЕУ мора да покаже посветеност кон оваа вредност и договорните обврски.
📈 Доказите покажуваат дека ова е одржлива инвестиција која води до зголемен БДП, вработување, развој и создавање на побезбедна Европа.
Во прилог Ви доставуваме полиси документ со препораки што го поддржуваме, со кои апелираме за ваша итна акција за вклучување на овие елементи во новата ПФР.
Со почит,