Родовата еднаквост е фундаментална вредност и право на Европската унија (ЕУ), со потенцијал да придонесе кон остварување на Целите за одржлив развој (ЦОР). Европскиот парламент и Советот ја поддржаа интеграцијата на родовата перспектива во Повеќегодишната финансиска рамка (ПФР) и во буџетот на ЕУ. Европската комисија ја предложи новата долгорочна буџетска рамка на ЕУ за периодот 2028–2034, која ќе биде отворена за дебата од 12 ноември.
Во текот на Неделата на родова еднаквост, од 3 до 7 ноември, Европскиот парламент организира консултации со граѓанското општество и експерти, вклучително и размена на мислења за родовото буџетирање во Комитетот за буџети, на кои на 6 ноември ќе придонесе и Мрежата за надзор на родовото буџетирање (Gender Budget Watchdog Network – GBWN), коалиција од повеќе од 100 организации на граѓанското општество.
GBWN ги повикува Европскиот парламент, Советот и Комисијата да обезбедат следните препораки да бидат земени предвид во ПФР 2028–2034 и во поврзаните регулативи за време на претстојниот трипартитен дијалог.
Целосниот политички бриф можете да го прочитате на следниот линк.


