Форумот за родово одговорно буџетирање-Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Молдавија: унапредување на доброто владеење преку зајакнување на ГО да користат алатки за РОБ, кој беше одржан на 19 и 20 октомври, обедини разновидна група учесници вклучувајќи истакнати експерти од цела Европа, претставници од меѓународни организации, активисти на ГО, владини претставници и други засегнати страни. Главната цел на форумот беше да се разменат ефективни методологии за застапување на добро владеење преку примена на алатки за РОБ. Фокусот беше ставен на развивање на мрежите и засегнатите страни и поттикнување заедничко застапување и дејствување на национално, регионално и меѓунардоно ниво.
Примарните цели на форумот вклучуваа:
- Повеќеслоен пристап кон родово одговорно буџетирање преку прикажување на различни искуства во трансформирањето на локалните заедници.
- Подобрување на методологиите и алатките за следење на меѓународното финансирање насочено кон иницијативи за родова еднаквост;
- Генерирање методолошки идеи за РОБ ефективно да придонесе за ублажување на климатските промени и напорите за адаптација.
Настанот започна со отворањето на втората фаза од Мрежата за родово одговорно буџетирање на 18 октомври, што се одржа во Триумфалната капија во Скопје. Со овој настан се одбележа нашата посветеност за зајакнување на мрежата како активен и признат ентитет. Мрежата е посветена на зајакнување на учеството на граѓанското општество во политичките и буџетските процеси поврзани со родово-трансформативната отпорност и климатските промени.
На отворањето, Дејвид Мукенхубер, шеф на канцеларијата на АДА, Ами Ларсон Џаин,шведски амбасадор во Македонија и Марија Ристеска, регионален директор на МРОБ одржаа воведни забелешки и споделија важни сознанија.Со овој настан започна форумот, нагласувајќи ја важноста од учеството на граѓанското општество во промовирањето на родовата еднаквост и справувањето со предизвиците од климатските промени.
Прв ден
На 19-ти октомври, форумот беше отворен со обраќање на Марија Ристеска, нагласувајќи ја виталната улога на РОБ во меѓународните развојни организации, владите и иницијативите на засегнатите страни. Енвер Хусеин, заменик министерот за труд и социјална политика и Лидија Арсова претставник на CEI ја поддржаа оваа изјава и ја нагласија инклузијата и воочувањето на ранливостите.
Прв панел: Експертите навлегоа во тековните методологии за следење на финансирањето, вклучувајќи ги родовите маркери на OECD, EU и UN. Говорниците ја истакнаа важноста на родово поделени податоци и следење на буџетските трошоци за родова еднаквост.
Втор панел: Овој сегмент се фокусираше на алатките за следење на родовиот буџет и институционалните механизми, адресирање на родовите маркери, терминологијата, мерењето на влијанието и улогите на институциите и политиките.
Трет панел: Беа истражени стратегиите за застапување на РОБ, вклучувајќи меѓународна соработка, политички предизвици и важноста од интегрирање на РОБ во политиките и буџетите.
Консензусот од првиот ден беше јасен: Најважни се практичното спроведување на РОБ, политичката волја и промовирањето на родовата еднаквост во буџетирањето и политиките.
Втор ден
На 20 октомври фокусот беше ставен на методологиите на РОБ во контекст на климатските промени.
Четврт панел: Експертите дискутираа за трансформативната моќ на РОБ на локално ниво во информирањето на глобалните и локалните иницијативи. Локалните граѓански организации и влади ја истакнаа важноста од политичка волја, родово сензитивно буџетирање и зголемено учество.
Петти панел: Разговорот се фокусираше на вклучувањето на родовите аспекти во политиките и буџетирањето за развој, нагласувајќи ја потребата од родово одговорно буџетирање, комуникација, градење капацитети и инклузивни политики.
Шести панел: Дискусијата се вртеше околу финансирањето на климатските промени и родовата правда, нагласувајќи го родовото влијание на климатските промени и важноста на родово одговорното финансирање.
Седми панел: Фокусирајќи се на родово буџетирање и програмирање, овој панел ја нагласи важноста на интегрирање на родовата динамика во програмите за одговор на отпорноста и го истакна значењето на родово сензитивно буџетирање.
На крај, говорниците ја истакнаа потребата од соработка, застапување на меѓународно ниво за родово одговорно буџетирање и влијание врз финансирањето на климатските промени од родова перспектива. Градењето коалиции и проширувањето на мрежата исто така беа истакнати како суштински чекори за унапредување на иницијативите за родова еднаквост.
На форумот длабоко се навлезе во различните аспекти на родово одговорното буџетирање, дискутирајќи за предизвиците и успесите во неговото спроведување и важноста на политичката волја, собирањето податоци и вклученоста на граѓанското општество во постигнувањето на родовата еднаквост и справувањето со климатските промени. Увидите споделени на овој настан ја нагласуваат критичната улога што РОБ ја игра во обликувањето на поправедна и инклузивна иднина.
Форумот за родово одговорно буџетирање беше заедничка иницијатива помеѓу проектот финансиран од ЕУ ,,Низ родови леќи: Проценка на буџетите и политиките, следење на локалните акциски планови за спроведување на родова еднаквост“ и Мрежата за родово одговорно буџетирање поддржана од Австриската агенција за развој (ADA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) со дополнителна поддршка од Централноевропската иницијатива (CEI)