Обука за граѓански организации во Тирана: Набљудување на финансирањето за Климатски промени

Од 13ти до 15ти Ноември Обуката за граѓански организации под наслов Набљудување на финансирањето за Климатски промени се одржа во Тирана, Албанија.

Главни цели на обуката беа:

· Подигање на свесноста за родово одговорното буџетирање и неговата улога во финансирањето за климатски промени.

· Испитување на меѓународните заложби за род и клима, со преглед на регионалниот напредок и можностите за вклучување на ГО.

· Практични алатки за мониторинг на финансирањето за климатски промени од родова перспектива на локално, национално и регионално ниво.

· Споделување на методологијата за ефективно застапување, развој на прокети, и алокација на ресурси за зајакнување на родовата еднаквост за климатска акција.

Во трите дена учесниците имаа добри дискусии и презентираа значајни погледи за поврзаноста на финасирањето за климата и родовата еднаквост, обезбедувајќи ги ГО со неопходните алатки за застапување и акција.

Клучни резултати:

· Учесничките и учесниците сега имаат практични знаења да направат проценка на алокациите на финасиите за климатски промени низ родови леќи.

· Се зајакнаа врските меѓу ГО кои се посветени на цлиматска правда, зајакнувајчи ја мрежата на застапувачи кои ќе ги држатна одговорност носителите на одлуки

· ГО добија алатки за мониторинг, следење и застапување за родово инклузивно климатско финансирање на локално, национално и регионално ниво.

Сакаме да се заблагодариме на обучувачките Славјанка Андонова (види линк на веб) и Гордана Несторовска ( види линк на веб), организаторите и сте учесници за нивната посветеност за градење на подобра иднина. Агенда на обуката ( https://gbwn.net/wp-content/uploads/2024/11/Agenda-Training-in-Albania-Climate-Finance.pdf)

Извештај од обуката на англиски јазик ( https://gbwn.net/wp-content/uploads/2024/11/GBWN-Training-on-Climate-Financing-REPORT.pdf)

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in