Годишен состанок на Мрежата за родово одговорно буџетирање 2024, Велес, Македонија

Годишниот состанок на МРОБ беше одржан од 9-ти до 11-ти Декември во Велес, Македонија. Ние постигнавме неколку клучни пресвртници кои ја оформија иднината на нашата мрежа. Почнавме со потенцирање на нашите заеднички заложби постигнавме пресвртници, со кои членовите ќе можат да го развијат нивното знаење во полето на комуникацијата и застапувањето. Главна точка на дискусија беше гласањето за тргање на регионалните ограничувања и промена на Статутот каде мрежата од регионална стана глобална со што се овозможи да се прошири и делува низ целиот свет. Дополнително усвоивме долгорочна стратегија до 2030, со која поставивме јасна визија за одржлив развој и подобрени напори за застапување. Понатаму дискутиравме за активности кои ќе бидат насочени кон постигнување на резултати за подобрување на застапувањето со формирање на пораки за носителите на политики, медиумите, и јавноста со цел да се зголеми влијанието на Родово Одговорното Буџетирање. Користењето на Вештачката Интелегенција и платформите за дигитално застапување беше исто тема на која беа информирани нашите членки со цел да ги подобрат нивните РОБ иницијативи.

Годишниот состанок беше заклучен со значајна сесија и групна работа која и овозможи на мрежата да се евалуираат досегашните достигнувања, да се споделат најдобрите практики и очекувања и да се дефинираат достигнливи цели за во иднината. Оваа сесија не само што ги зголеми техничките можности на мрежата туку и ги продлабочи врските во нашата заедница, обезбедувајќи дека стратегиите развиени во овој состанок ќе ја водат нашата мисија во промовирањето на родовата еднаквост низ информирани и стратешко избуџетирани практики.

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in