Д-р Марија Ристеска со 20 годишно искуство во областа на родова еднаквост и родво-одговорно буџетирање, е задолжена за модулите кои ги покриваат основните концепти за родова еднаквост и РОБ, најдобрите практики, следење на јавните политики во поглед на родовата компонента и изработка на сеопфатни извештаи.  

Јуруковски е магистер по економија. Со повеќе од 13 години стручно искуство во јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор,  Јуруковски е специјализиран за анализи за јавни политики и проценките на влијанието на регулативата, како и студии за изводливост. Тој поседува темелно знаења за РОБ, а е задолжен за модулите кои се однесуваат на извршувањето на буџетот, како и за планирањето на приходите и расходите од родова гледна точка. 

Аркимандирти се задолжена за пренос на знаење поврзано со концептите за родова еднаквост. 

Стриковиќ е задолжена за модулот кој се однесува на анализа на родови расходи, односно оценка на корисниците. 

Фарнсворт има догогодишно искуство во поглед на РОБ и тоа од различни сфери, но во рамките на МРОБ таа е задолжена за пренесување на техниките за лобирање и застапување по однос на РОБ, како и зајакнување на жените. 

Гури во рамки на МРОБ е задолжена за обуката која се однесува на воведувањето на родовите аспекти при јавните набавки, како и РОБ во самиот процес на набавка на добра и услуги.  

Наталија Возијан е искусна консултантка за јавни политики и родови прашања. Во последните 9 години, таа има работено на повеќе проекти поврзани со родова еднаквост, вклучително и искоренување на насилството врз жени и девојчиња, родово одговорно буџетирање и вклучување на родовите компоненти во јавните политики во соработка со водечки глобални компании и тела на ООН. Со ЕМBA од Универзитетот во Шефилд и сертификат од INSEAD (Меѓународна програма за родова разновидност) таа учествуваше во повеќе од 25 национални и глобални проекти од средни до сложени размери, подржувајќи низа влади за изготвување и спроведување стратешки јавни политики, услуги и буџети за постигнување социо-економска одржливост и родова еднаквост. Како дел од нејзината стручна активност, Возиан зема учество во развојот на Националната стратегија за обезбедување родова еднаквост меѓу мажите и жените во Република Македонија, во делот на родово одговорно буџетирање и искоренување на насилството врз жени и девојчиња, како и во првата Национална стратегија за спречување и борба против насилството врз жените и децата. Таа исто така ги има поддржано Министерство за финансии и Министерство за труд во спроведувањето на РОБ на национално ниво, а придонесе и во градењето и зајакнувањето на стручноста за РОБ меѓу локалните невладини организации и основањето Регионалната мрежа за набљудување за РОБ (Албанија, Србија, С. Македонија и Молдавија). Таа е авторка на неколку водичи за примена на социјални иновации за искоренување на насилството врз жени и девојчиња и миграцијата. Таа е и коавторка и на низа други водичи за родова еднаквост за младите  и општо за заедницата. Има широко знаење и искуство во користењето родова анализа и вклучување на родовите аспекти во главните текови во различни социо-економски области, вклучително и миграција, труд и заштита на децата.