„Напредната обука за родово одговорно буџетирање е од особена важност за „Радар“ како ново здружени кое допорва треба да се пробие. Стекнавме важни знаења, особено во поглед на начините за подготовка на родова анализа на јавните политики и буџети. Програмите на МРОБ топло ги препорачувам секому кој има намера да се занимава со ова исклучително важно прашање.“
„Почетната обука ни овозможи запознавање со основите на родово одговорното буџетирање, а со тоа и поголеми можности за активности насочени кон застапување на правата на жените со попреченост“.
Обуката за родово одговорно буџетирање ми даде можност да имам подобар увид во политиките за социјално вклучување, пред сè кон унапредување на спроведувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Одржливите развојни цели. Добиеното знаење и вештини упатуваат на тоа дека буџетите се најважните алатки за вклучување на пристапот на човекови права, на жени и девојки, како и на повеќето маргинализирани групи и лица со попреченост во рамките на политиките, вклучително и во контекст на справувањето и со КОВИД-19 . Благодарение на МРОБ, успеавме да добиеме знаење за проценка и анализа на политиките за да осигуриме дека сите јавни комунални претпријатија, информации, добра и услуги се достапни и согласно возраста, полот и попреченоста.