Работилница за родот и климатските промени

ЦИКП ги пречека GBWN партнерите во Северна Македонија од 20 до 25 јуни 2023. Првите два дена беа посветени на родот и климатските промени, митигација и адаптација.

Ден 1

На првиот ден од нашата работилница за Родот и Климатските промени имавме шанса да го посетиме Водно пред да ги започнеме нашите четири дневни работилници. Посетата беше следена од сесии одржани од Славјанка Пејчиновска-Андонова, која ни го претстави концептот климатски промени, митигација и адаптација и компонентата за родова еднаквост во рамки на климатските промени.

Кои се примарните извори на емисиите на стакленички гасови, какви се влијанијата од климатските промени и кои се најранливите групи на последиците од климатските промени?

Дискусијата ја започнавме со факти за климатските промени водена од експертот Славјанка Пејчиновска-Андонова. Сесијата иницираше интерактивна дискусија меѓу сите учесници за нивните ставови за климатските промени и какви активности можеме да преземеме на индивидуално и колективно ниво. Славјанка ни даде многу конструктивно објаснување за феномените на климатските промени и човековите активности кои придонесуваат за климатските промени.

Кои се потребите во секоја држава и какви акции треба да се преземат за да се намалат емисиите на стакленичките гасови и нивните последици врз животната околина, губење на биолошката разновидност и нашите животи?

Фокусот во втората сесија беше на врската помеѓу полот и климатските промени- родовите улоги во општеството и како овие специфични улоги можат да ја направат жената поранлива на климатските промени. Дискутиравме за различни примери на ранливост на климатските промени во различни економски активности во нашите локални контексти.

Како родово-одговорните климатски активности можат да ја поддржат родовата еднаквост и да ги минимизираат влијанијата врз климата?

Дискусијата не доведе до заклучок дека мерките треба да се повеќеслојни што значи дека доколку се изврши интервенција, треба да ги земеме предвид различните влијанија што таа ќе ги има, особено кога станува збор за ранливите и обесправените групи.

Ден 2

Вториот ден од нашата работилница беше интензивен, но нашите цели се високи!

Нашата утринска сесија беше посветена на прилично сложена тема за меѓународните обврски за климатски промени и родова еднаквост водена од нашиот експерт Гордана Несторовска. Со водството на Гордана, подобро ја разбравме врската помеѓу меѓународните обврски за климатски промени и родова еднаквост. Меѓународните обврски  се основа за нашата мрежа за набљудување во следењето и надгледувањето како тие се трансцендентни во националните политики и законодавството во нашите партнерски земји. Граѓанските организации што ги обучуваме во нашата мрежа за алатките за родово одговорно буџетирање ќе треба да ги користат државните обврски и механизмите за известување како алатки за застапување. Дискусијата за можностите за финансирање на климатските промени ја продолживме со Славјанка Пејчиновска – Андонова, која не запозна со Зелениот климатски фонд (GCF), неговата мисија, финансиските инструменти за поддршка на акции за климатски промени, проекти за подобност, добри примери на проекти за климатски промени со адаптација и митигација.

Како да се вклучат жените и мажите од сите возрасти како засегнати страни во дизајнот, развојот и спроведувањето на проектите за климата што треба да се финансираат?

Во попладневната сесија работевме на развивање на нашата мрежна методологија која ќе ги опреми граѓанските организации со различни алатки кои можат да се користат на различни нивоа ( локално и национално) и различни интервенции (активности,проекти, програми и стратегии) за набљудувачки активности во финансирањето на климатските промени од родова перспектива.

Нашата последна сесија за тој ден ги рефлектираше диксусиите од целиот ден и вклучување на новите информации што ги добивме од нашите експерти во развојот на алатка за регионално истражување за родот во проценката на финансирањето на климатските промени.

Како да им помогнеме на нашите таргет групи да ги идентификуваат нивните потреби? Кои се родовите улоги во различни сектори? Како можеме да обезбедиме родова чувствителност и зелени набавки?

Завршивме со многу прашања, но тоа не натера да бидеме уште пољубопитни. Ја завршивме работилницата со развивање на акциски план од 5 чекори, воден од Марија Ристеска, директор на ЦИКП. Овој акциски план ќе биде следен од партнерите следните два месеца. Останете со нас!

Facebook
Twitter
LinkedIn

You may be interested in