header-image

Регионална конференција за жени претприемачки од Западен Балкан – можност за повторно нагласување од потребата за РОБ

На 11-ти март 2022, се оддржа Регионалната конференција за жени претприемачки од Западен Балкан насловена „Жени кои започнуваат“ што се одржа во Тирана преку интернет врска, но и во живо.   

И Марија Ристеска, извршен директорка на Центарот за истражување и креирање политики и регионална директорка на Мрежата за родово-одговорно буџетирање за Западен Балкан и Република Молдавија (GBWN), придонесе во разговорот околу потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во време на криза и како успешните жени може да бидат препознаени и унапредени, по во поглед на тоа ги даде следните забелешки:

  • Следењето на мерките и политиките од страна на партнерите на GBWN покажа дека е потребно вклучување на родовата перспектива во справувањето со кризата предизвикана од ковид-19 низ целиот регион, бидејќи во повеќето случаи недостасуваше, особено за поддршка на бизнисите.
  • Имајќи предвид дека бизнисите во сопственост на жени и водени од жени се мали, истите имаат помали заштеди што целосно се користеа за покривање на трошоците. Оттаму закрепнувањето по ковид-19 мора да предвидува родова перспектива. ИСО стандардот IWA 34 кој го дефинира женско претприемништво треба да се примени во компаративна анализа за влијанието на родовата еднаквост во пристапот до финансии.
  • Вмрежувањето е моќна алатка за унапредување на каузата. Ова го велам од гледна точка на GBWN имајќи го предвид искуството што го имаме како мрежа за унапредување на родово одговорното буџетирање во регионот и пошироко“.