header-image

Обезбедување на еднаквоста: родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации – следен вебинар во рамки на МРОБ

Мрежата за родово-одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија (МРОБ) има чест и задоволство да ве покани на третиот вебинар под наслов“Обезбедување на еднаквоста родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации, кој ќе се одржи онлајн, преку алатката ZOOM, на 26/01/2022 (среда) со почеток од 15 ч.

За време на вебинарот ќе се сосредоточиме на методолгоијата и рамката на PEFA за проценка на родово-одговорно управување со јавните финансии и улогата на граѓанските организации кон зголемување на примената на оваа методологија во Западен Балкан и Република Молдавија.

Вебинарот е предвидено да трае два часа, согласно следниот дневен ред:

   Време    Организација / својство:        Тема
15:00-15:10Претставник на МРОБ /  ЦИКПВоведно обраќање
15:10-15:25

Претставник на Секретаријатот за јавни расходи и финансиска отчетност (ПЕФА)

Презентација на ПЕФА рамката за проценка на родово-одговорно управување со јавните финансии и деветте показатели
15:25-15:40Претставник на Светска банкаПримена на ПЕФА рамка – научени лекции и улогата  на граѓанството општество
15:40-15:55Претставник на НИРАС од Данска

Влезни точки за користење на ПЕФА рамката како платформа за реформирање и поттикнување на системите за управување со јавните финансии во Западен Балкан и Молдавија

15:55-16:10Претставник на Европското женско лобиЖенските организации како чуварки на фискалните совети користејќи ја рамката GRPFM– кои прилагодување се потребни за нејзина примена во следењто од страна на граѓанските организации?
16:10-17:00Дискусија; завршни зборови

За да присуствувате на вебинарот потребна е претходна пријава на следниот линк – https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZcrcOioqD4rHNWRTQiL7Q1QFtdulRFuayVT, по што ќе добиете повратна е-пошта со линк кој води до вебинарот.

За било какви прашања или дообјаснувања, ви стоиме на располагање на simonovski@crpm.org.mk

Со почит,

Тимот на Мрежата за родово-одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија