header-image

Прв мрежен состанок на МРОБ

Од 24-ти до 26-ти овој месец во Жабљак (Црна Гора), се одржа првиот мрежен состанок на Мрежата за родов надзор на буџетот. На состанокот присуствуваа преставници од сите организации кои го чинат конзорциумот, а беше организиран и интернет пренос за оние членови кои не беа во можност да присуствуваат.

На состанокот се направи пресек на активностите кои треба да бидат спроведени во следниот период, а беше договорен и нов работен план кој опфаќа изработка на три нови анализи, застапување за промена на политиките, јавни расправи во матичните собранија на земјите спроведувачи, втора студиска посета и друго.

Дополнително, беше утврден и текстот на три стратешки документи кои ќе помогнат во ширењето на мрежата, нејзината видливост, како и начинот на кој ќе се работи и донесуваат одлуки во мигот кога ќе почнат да пристапуваат нови членки.

За крај, присутните со цел подобро запознавање и зближување, заеднички го кренаа адреналинскиот дух рафтајќи по реката Тара, а оние најхрабрите се повозеа на „зип лајн“.