header-image

Прва од низата средби за застапување за РОБ – Министерството за финасии покажа волја за соработка

Прва од низата средби за застапување за РОБ – Министерството за финасии покажа волја за соработка

На 16-ти Ноеври оваа година, тимот ЦИКП ангажиран во проектот Мрежа за родово одговорно буџетирање оствари средба со претставници од  Министерството за финансии, поточно од секторите за макроекономија, буџетирање и од советодавниот кабинет. На средбата ЦИКП ги престави предлозите до стручните лица со цел унапредување на исполнетоста на индикаторот 5.Ц.1 во земјава oд сетот Глобални цели за одржлив развој и тоа пред сè:

➡ Да се вклучи информација за родовата еднаквост при усвојување на буџетот, на пример во пред-буџетската изјава на Министерот за финансии, говорот во Собранието при презентација на буџетот, во дискусија за предложениот буџет во Комисијата за финансии и буџет или на пленарна седница при усвојување на буџетот;

➡ Да се објавуваат фискални извештаи кои ќе презентираат исход од имплементацијата на програмите и буџетот наменети за унапредување на родовата еднаквост (како што се објавуваат родово буџетските иницијативи на веб страната на МФ) – Извештај за извршување на родово одговорен буџет;

➡ Целосно да се усогласи системот за управување со јавните финансии со програмското буџетирање преку воведување на програмско и напуштање на сегашното линијско буџетирање и специфично регулирање на родово одговорното буџетирање и веќе развиените пракси на подготовка на родово буџетски анализи и изјави;

➡ Да се изгради информатички систем кој ќе овозможи приливите и расходите да имаат категоризација која ќе ги препознава родовите трошоци;

ЦИКП во следниот период го продолжува застапувањето за што породово чувствителен буџет, овој пат во македонското Собрание со претставници од матичната Комисија за еднакви можности и Комисијата за финансирање и буџет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *