header-image

Тридневната студиска посета во Обединетото Кралство

Од 10-13 март 2020 година, претставници од секоја земја-партнер во рамките на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија (МРОБ)“, финансиран од Австриската агенција за развој, престојуваше во студиска посета во Лондон, Обединето Кралство со цел да собере искуство и знаење од тамошните здруженија за модалитетите и техниките за следење на буџетските процеси од родoва перспектива, како и поставеноста на системот за родово-одговорно буџетирање во кралството.

За време на тридневната студиска посета, делегацијата на МРОБ посети бројни организации како што се Runnymede Trust и Fawcett Society. Службено, наши домаќини беа Women’s Budget Group (WBG) кои ја поканија нашата делегација да присуствува на Денот на буџетот во Обединетото Кралство што се одржа во London School of Economics, при што имавме можност  да ги видиме нивните начини на разгледување на мерките и активностите во државниот буџет поврзани со родовата еднаквост. Ова беше шанса и за неслужбена средба со Дајан Елсон, еден од најистакнатите поборнички за родови и човекови права во Обединетото Кралство и пошироко. Делегацијата на МРОБ, исто така присуствуваше на неколку поединечни состаноци и настани, како што се „Анализа на пролетниот буџет 2020“, организирана од Институтот за фискални студии и „Како да се изгради меѓу-партиска поддршка за контроверзни политики“, организиран од Институтот за владеење. Како завршна активност беше предвидено потпишување на  Меморандум за разбирање помеѓу  МРОБ и WBG. Во име на МРОБ тоа го стори Марија Ристеска, регионална проектна директорка и извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики и Мери-Ен Стефенсон, директорка на WBG, со што се отвори патот за идна соработка и размена на знаења и искуства поврзани со темата на интерес.