header-image

Oбука за идните обучувачи и обучувачки во рамки на МРОБ

Во периодот 18-21.11.2019 година во Скопје се одржа обука за идните обучувачи во рамките на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија (МРОБ)“, поддржана од Австриската агенција за развој.

За време на тридневниот настан, присуствуваа претставници од секоја од организациите кои го чинат овој регионален проект –  Центар за истражување и креирање политики (С. Македонија, водечки партнер), Центар за промоција на граѓанското општество (БиХ), Центар за родови сојузи за развој (Албанија), Женска мрежа на Косово, Хаб за родово знаење од Србија и Keystone од Молдавија.

Сите учесници ги зголемија своите знаења за примена на родово одговорното буџетирање и алатките за истото, а стекнатото знаење ќе го пренесат по враќањето во своите земји, како и за време на предвидените три обуки во рамки на МРОБ проектот.