Search

Добредојдовте во обучувачкиот центар на Мрежата за родово-одговорно буџетирање.

Обучувачкиот центар ви нуди низа алатки преку кои ќе го продлабочите Вашето знаење околу родово-одговорното буџетирање како концепт, но исто така ќе ви нуди и пристап до стручни дискусии и разговори во форма на вебинари преку кои стекнатото знаење ќе може да го надградите со примери и практични решенија од низа општествени области како што се климатските промени, начини за фискално справување во време на криза (н.з. ковид-19) и управувањето со јавните финансии и улогата на граѓанските организации во истото.

Оттука, обучувачкиот центар има три функционалности:

  1. Онлајн обуки достапни преку Е-академијата за РОБ www.gbwnacademy.net

Во делот Е-академија за РОБ, достапни се два модула на онлајн обуки за РОБ: (а) обука за почетници; и (б) напредна обука за РОБ. Двете обуки овозможуваат обучуваниот самиот да го диктира темпото на учење користејќи ги електронските ресурси кои се развиени за поребите на невладините организации. Согласно вашите предзнаења и желби, може да пристапите кон еден од трите постојни модули – РОБ за почетници и Напредна обука за РОБ.

Сé што треба да направите е да го одберете оној модул за кој сте заинтересирани, да постапите согласно чекорите за регистрација на оналјн академијата www.gbwnacademy.net  и да стекнете доволно знаење за РОБ што ќе ви овозможи да бидете дел од семејството активни застапувачи и чинители за што пофер буџети на државно и локално ниво, како за жените, така и за мажите. На крај од обуката добивате и сертификат.

  1. Е –библиотека на тренинзи

Во овој дел можете да ги преслушате сите тонски / видео записи од досега одржаните обучувачки модули за РОБ за почетници и РОБ во јавните финансии и јавните набавки

  1. Е-библиотека на вебинари

Во овој дел можете да ги преслушате сите тонски / видео записи од досега одржаните вебинари во рамки на нашата мрежа.

Дополнителнo, имате на располагање и низа прирачници и материјали за учење кои ќе ве направат вистински РОБ познавач /ка и застапувач / ка.