Search

Анализи

Мрежата за родово одговорно буџетирање е фокусирана на сеопфатни анализи преку користење соодветни родово-буџетски алатки, како што се  родово буџетска анализа на политики, родово буџетска анализа на корисници , родово буџетска анализа на трошоци и корист, родово буџетска анализа на ефективност, родово буџетска анализа на расходи и приходи и слично. Сите прибрани податоци и информации, членките на МРОБ ги поместуваат во сеопфатни студии и извештаи кои даваат јасен приказ за тоа кои се детектираните слабости на дадени политики во поглед на нивниот придонес кон постигнување родова еднаквост, но и за еднаков, правичен и фер пристап до ресурсите кои се располагање, како и нивно искористување од страна на жените и мажите.

 

Застапување

Оваа активност е тесно поврзана со погорната активност, имајќи предвид дека основа за нашето застапување се наодите и податоците добиени од анализите и истражувањата. Процесот на истражување како таков мора да има за цел придонес кон постигнување опипливи и видливи резултати (на пр. ново законодавство, нови политики, нови услуги, ребаланс на буџетот и проценка на даночната политика итн.), а застапувањето е можност за тоа. Наши партнери и соработници се ресорните министерства, пред сè регионалните министерства  за труд и социјална политика како и оние за финансии, но и сите останати министерства и владини агенции кај кои сè уште постои широк простор за зголемување на свеста, особено во поглед на планирањето на јавните политики и програми во насока на сеопшта родова еднаквост и еднакво пристап и искористување на ресурсите. Општините се исто така партнер во застапувањето имајќи предвид дека локалните промени и родово-буџетски иницијативи се чувствуваат побрзо и на краток рок даваат повидливи и поопипливи резултати. Правејќи ги локалните услуги и политики еднакво достапни и прилагодени согласно различните потреби на мажите и жените, самата општина се преставува како инклузивна, одговорна и пресретлива за локалното население и преставува пример за современа установа, која нуди еднаков третман на сите нејзини жители. Поединечни состаноци, групни состаноци, трибини, конференции, сослушувања, присуство на седници и друг вид средби се само дел од алатките кои МРОБ ги применува за да постигне најоптимални резултати од застапувањето.

Градење капацитети на трети граѓански организации и вмрежување

Нашиот пристап е постепен и се заснова на три фази и тоа:

Фаза 1– градење капацитети преку обуки (подетално објаснети во делот „Обуки“).

Нашиот сет од обуки нуди:

А) почетна обука за воведно знаење за родово-одговорно буџетирање и примена на алатките за истото во поглед на јавните политики, програми и буџети;

Б) напредна обука за длабинско познавање на родово одговорното буџетирање со можност за изработка на детални анализи и извештаи за фискалните имплиакции за  родово прилагодените измени на јавните политики и програми;

В) обука за вклучување на родовите аспекти во  јавните финансии и набавки со цел нивно прилагодување и исполнување на различните потреби на мажите и жените; 

Фаза 2 – менторска поддршка за подготовка на иницијатива за родовo- буџет;

Фаза 3 – застапување за промени врз основа на иницијативите за родов буџет;

МРОБ особено се радува на соработка со женските организации, тинк-тенкови и здруженијата кои работат на јавните финансии, но како партнери гледа на сите невладини организации кои имаат интерес и желба да се приклучат кон родово-одговорното семејство на чинители кои даваат несебичен придонес за што поправични држави во регионот на Западен Балкан и Република Молдавија.