header-image

С. Македонија

МРОБ е отворена за соработка и прием на нови членки кои се подготвени да се придружат кон нашата кауза за што поурамнотежено родово општество преку рамномерна распределба на јавните ресурси и скроени буџети и програми кои што ги препознаваат и земаат предвид различните потреби на жените и мажите. Нашата мрежа преставува мрежа од здруженија, проектни иницијативи, но и од поединечни стручни лица кои се подготвени со своето знаење и искуство да дадат придонес кон понатамошните заложби на МРОБ за вклучување на родово-одговорното буџетирање како редовна алатка и модул за планирање, извршување и известување за националните и општинските буџети.  На овој начин градиме синергија, препознатлива и со широк појас на делување, постигнувајќи поголеми успеси, но и поставувајќи повисоки цели.

За таа цел кликнете на: Регистрирај проект, здружение или експерт