header-image

Обучувачки модули

Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) има постепен, но сеопфатен пристап кога е во прашање зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации со цел самостојно да можат да применуваат родово-буџетски анализи на јавните политики, програми и планови. Со овој пристап сакаме да ги опфатиме сите граѓански организации, без оглед на нивната претходна подготовка,знаење или искуство. Оттука, МРОБ нуди три вида на обуки и тоа – обука за РОБ за почетници, напредна обука за РОБ и РОБ за јавни финансии и јавни набавки. Обуката значи и формализирање на членството при МРОБ на даденото здружение или организација, како и вклучување во заедничките активности за застапување и лобирање за што поголема родова еднаквост во буџетските и финансиските процеси во Западен Балкан и Р. Молдавија.