header-image

Краток опис

Развојот на јавните политики и постапката на буџетирање во ЈИЕ и Р. Молдавија се затворени за јавноста, нетранспарентни и резултираат со политики кои не одговараат подеднакво на потребите на жените и мажите. Покрај ова, се забележува и нерамномерна распределба на јавните ресурси помеѓу двата пола со што се загрозува начелото на правичност и фер пристап до истите. Од друга страна, граѓанското општество има ограничени капацитети за да даде придонесат кон сеопфатна родова проценка на буџетот, пред сè во вид на анализи и издржани проценки на политики. Притоа, мошне ретко се фокусира на прибирањето на приходите и распределбата на расходите од гледна точка на правичност и целисходност.

Програмата на Мрежата за родово одговорно буџетирање (МРОБ) има за цел да ја зајакне улогата на граѓанските организации како чинители кои даваат придонес кон зголемувањето на одговорноста и транспарентноста и подобрување на управувањето со јавните пари, преку следење и проценка на влијанието на родовите политики и буџетите врз родовата еднаквост. МРОБ пред себе има поставена една општа и три посебни цели:

Општа цел:

Да се зајакне учеството на граѓанското општество во политиките и процеси на буџетирање во Југоисточна Европа и Република Молдавија преку следење на постапките за развивање и усвојување на буџетите, известување и вмрежување, како на државно, така и на регионално нивo;

Специфични цели:

– Да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за користење алатки за родово-одговорно буџетирање (РОБ) за проценка на политиките и буџетите согласно потребите на мажите и жени;

– Да се развие мрежа за ефективно застапување, размена на знаења и информации и јакнење на отчетноста на владите;  и

– Да се придобијат и привлечат граѓаните со цел и тие да дадат придонесе за промена на политиките што би водело кон родова реформа на јавните финансии.

Накусо, преку сеопфатни анализи, застапување, пренесување на знаењето на трети граѓански организации и вмрежување, МРОБ  се труди да ги пополни проблематичните јазовите и да создаде трајни промени за што порамномерно и поправично трошење и искористување на јавните пари, со крајна цел родово еднакви општества во сите области во регионот на ЈИЕ.